за

Опел пред 125 години стана производител на автомобили

На 21-ви јануари 1899 година, Опел купи фабрика за моторни возила и со тоа стана производител на автомобили.

Повеќе од 75 милиони автомобили под марката Опел се произведени во изминатите 125 години.

Опел на 21-ви јануари 2024 година ќе го одбележи својот 125-ти роденден. Германската марка веќе е ангажирана на иднината и во 2024 година секој модел на Опел ќе биде достапен и во целосно елекетрична изведба.

Основата за успехот на Опел како производител на автомобили е поставeна на 21-ви јануари пред 125 години. Вилхелм Опел, син на основачот на фирмата Адам Опел, на тој ден го потпишува договорот со машинбраварот Фридрих Луцман од Десау, за купување на неговата фабрика за моторни возила. Со тоа Опел и официјално станува производител на автомобили.

Оттогаш во фабриките на Опел во Европа се произведоа повеќе од 75 милиони автомобили под марката Опел. Еден од моментно најпродаваните модели на Опел доаѓа од Риселсхајм, компактот Астра.

„Исто како Опел пред 125 години, денес исто така сме на почетокот на нова ера“, најави извршниот директор Флориан Хутл, за почеток на годината на прослави. „Компанијата тогаш беше пионер, влегувајќи во автомобилската ера. Денес Опел е пионер на електричниот погон, којшто на луѓето им нуди достапна и локално чиста индивидуална мобилност, што е воедно погодна за секојдневието. Пример за тоа е новата Астра Спортс Турер Електрик. Таа доаѓа од Риселсхајм, исто како своевремено првиот автомобил на Опел. Можеме да бидеме горди на тоа наследство.“

Опел на завршетокот на 1890-те години: Од машини за шиење и велосипеди, на автомобили

Историјата на успехот на Опел почнува во 1862 година. Тогаш Адам Опел ја составува својата прва машина за шиење. За кусо време, Опел прераснува во еден од најголемите производители на машини за шиење во Германија и извезува во цела Европа.

Следниот силен столб на Опел се велосипедите. Во 1886 година во Риселсхајм е изработен првиот велосипед со високо предно тркало. Со тоа Опел стана еден од првите производители на велосипеди во Германија.

Во 1920-те години, Опел станува најголем производител на велосипеди во светот. Паралелно се развива и автомобилскиот бизнис. За тие успеси се заслужни синовите на тогаш починатиот основач на фирмата/

Поради слабеењето на бизнисот со велосипеди во 1890 години, браќата Опел бараат нови производи. Тие се решаваат за новото превозно средство „автомобил“. Фриц и Вилхелм Опел во септември 1897 година го посетуваат првиот автомобилски салон во Германија, каде што се запознаваат со Фридрих Луцман.

Висококвалификуваниот машинбравар и „изработувач на дворски возила за големиот Херцог од Анхалт“, работи со моторни возила уште од 1894 година. Тој ги поканува браќата во својата фабрика во Десау. Браќата Опел даваат солидна понуда за земјиштето, зградите и алатите. На 21-ви јануари 1899 година, Вилхелм Опел и Фридрух Луцман потпишуваат купопродажен договор за вредност од 116.887 марки.

Целата работилница, заедно со мајсторите и машините се преселува од Десау во седиштето на Опел во Риселсхајм. Уште во пролетта 1899 година почнуваат рекламите, што ветуваат: „Моторните возила на Опел се најдобри“.

Во Риселсхајм и денес има пионерски достигнувања

По 125 години од почнувањето со производство на автомобили во Риселсхајм, Опел продолжува да вози електрично кон иднината. Денес од производствените ленти во Риселсхајм се симнуваат и хибридите Астра ГСе и Астра Спортс Турер ГСе, но и новата Астра Спортс Турер Електрик. Со овој чекор, Опел е меѓу првите производители што нудат целосно електричен комби-модел во компакт класата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шведска фабрика за батерии подигна пет милијарди долари кредит за проширување на погоните

Мерцедес прави автомобилот да служи како паричник на тркала