за

Мерцедес прави автомобилот да служи како паричник на тркала

За следните две години се предвидува плаќањата направени од автомобил да се зголемат за 5.300 проценти.

Возачите на Мерцедес можат да платат од автомобилот преку отпечаток од прст, по полнење гориво или батерија.

Технологијата Интернет од Тингс ќе дозволува возилата сé повеќе да се поврзуваат, за на корисниците да им се овозможи едноставен и безбеден начин да платат за гориво или за патарина. Истото важи и за полнење батерија, како и за користење онлајн и офлајн услуги, сето тоа без потреба да се излегува од возилото.

Преку сигурно поврзување и сочувување на картичката што ја имаат избрано за својот автомобил, корисниците ќе можат да ги вршат плаќањата брзо и едноставно.

Возачите на Мерцедес-Бенц во Германија можат да платат дигитално, преку отпечаток од прст, по полнење гориво во своите возила. Тоа го овозможува услугата што Мерцедес ја има развиено за плаќање од возилата, со што тие се претвораат во еден вид паричник на тркала.

Услугата што беше објавена во минатиот септември, овозможува сигурни трансфери на станици за гориво, преку сензорот за отпечаток од прст што е дел од инфозабавниот систем МБУКС. Се користи дебитна или кредитна картичка Мастеркард, во тековните модели на Мерцедес. Оваа услуга е доистапна на повеќе од 3.600 станици за гориво во Германија.

Постојат неколку пречки за поширока примена на плаќањето од автомобилот

Плаќањето од автомобил во моментов уште е новина, меѓутоа експертите веруваат дека тоа може брзо да се смени. Податоците од британски Јунипер Рисерч, покажуваат дека обемот на глобални трансакции од возила, до 2026 година ќе се зголеми за повеќе од 5.300 проценти и ќе надмине 4,7 милијарди долари.

За плаќањето од автомобил да стане широка практика постојат две пречки: Технологијата и пристапот. Производителите на автомобили уште не се навикнати на идејата да се има „паричник на тркала“.

„Имајќи предвид дека плаќањата од автомобил се дел од поширокиот тренд на поврзани плаќања, пазарот може да достигне вредност од билијарди долари,“ кажува Никита Хајет, директорка на БлуСнеп.

„Производителите на автомобили се движат во вистинската насока. Нивната амбиција да заслужат парче од колачот од плаќањата има комерцијален смисол,“ објаснува Хајет. „Овие бизниси сепак се првенствено компании со хардвер, не се софтверски бизниси, и тие заостануваат таму.“

Брзо, лесно плаќање од возилото бара напреден софтвер, којшто не е присутен во технологиите што ги користат голе број од најголемите производители на автомобили во светот.

„Овие автомобилски гиганти честопати запаѓаат во бавни, интерни процеси, коишто ги спречуваат за брзо да иновираат“, кажува Хајет, одговорна за делувањето на БлуСнеп во ЕУ.

Поттик за плаќање „тап енд гоу“

Џен Маринер, директорка за налози во Мастеркард, кажува дека подемот на плаќање од автомобил соодветствува со напредокот кај плаќањата тап енд гоу, што ги нудат фирми за јавен превоз во неколку европски градови. Во двата случаи се добиваат попусти за безконтактни трансакции.

„Така се создава природна синергија меѓу плаќањата и мобилноста,“ објаснува Маринер. „Работиме со партнери, како Мерцедес и Шкода, за да направиме тоа да биде колку може полесно и побрзо.“

Таа додаде дека партнерствата меѓу производителите, технолошките компании, банките и владите се основа за плаќањата од автомобил да напредуваат и да постигнат успех.

„Плаќањето со автомобилот можеби уште изгледа ново и неразвиено. Но, убедени сме дека плаќањата од автомобил ќе станат секојдневие,“ кажува директорот на Мерцедес-Бенц Пеј, Нико Керстен.

Нов канал за заработка

„Уште денес, возилата може да послужат како клуч кон светот на ин-кар комерцијата,“ објаснува Керстен. „Со автономното возење, тоа нема да се ограничи само на користење за паркинг или само од патниците, туку и возачите ќе бидат вклучени.“

Напредокот на обновата на софтвер „овер-д-ер“ може да влијае врз можностите за плаќање од автомобил, а исто може да ја зголеми и вредноста на автомобилот.

„Можноста за вторите и третите сопственици на возилото да вклучат дополнителна опрема по нивно барање, прави возилата да бидат попривлечни кога ќе се препродадат и им ја задржува вредноста,“ додава Керстен. Мерцедес-Бенц постојано го зголемува обемот на опрема што може да се нарача онлајн и да се вклучи отпосле.

Станува збор за функции, како амбиентално осветлување, местење на подвозјето, надгледување на возилото за заштита од кражба, и други слични погодности, што може да се нарачаат отпосле, преку компјутер или мобилна апликација.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Опел пред 125 години стана производител на автомобили

Киа подготвува едноминутно видео за Супербоулот, американскиот тв-настан на годината