Електричниот Nissan Leaf со летечки старт во продажбата

Nissan Leaf

За еден месец од почетокот на продажбата се примени 3.500 нарачки за новиот Nissan Leaf само за европскиот пазар. На претходникот му беше потребна цела една година да ја достигне оваа бројка. Норвешка беше првата земја во Европа кадешто електричниот автомобил на Nissan стартуваше со продажба во септември.

На повеќето пазари Nissan Leaf засега е достапен само во специјалната воведна серија. Во стандардната опрема спаѓа и системот за асистенција ProPilot, кој овозможува автономно возење во одредени ситуации. Наскоро ќе биде понудена и обичната верзија со соодветно пониска цена, а потоа следува и модел со зголемен досег.

На глобално ниво се добиени 9.000 нарачки за новиот Nissan Leaf за еден месец

На глобално ниво, новиот Leaf има надминато 9.000 нарачки – тоа е повеќе од половина од продажбата што претходникот ја постигна за шест месеци. Со полни батерии, електричниот компакт минува до 378 километри според нормите, односно околу 250 километри во реални услови на возење. Претходникот постигнуваше досег од само 200 километри. Leaf е најпродаван електричен автомобил во светот, со повеќе од 300.000 примероци продадени од премиерата на првата генерација во 2010 година.

Претходна објаваSkoda Octavia на метан со попуст од 7.000 евра во Германија
Следна објаваFiat 500 се појави на сребрена монета од пет евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here