Fiat 500 се појави на сребрена монета од пет евра

fiat 500 srebrena moneta

Италија издаде монета во знак на 60-годишнината на Fiat 500. Монетата со препознатливиот профил на „чинквеченто“ e со вредност од пет евра и ќе се изработи во само 4.000 примероци.

Италијанското министерство за економија денес издаде монета со профилот на Fiat 500. Со серијата од 4.000 примероци, монетата со номинална вредност од пет евра ќе најде место кај пасионираните колекционери.

На предната страна е прикажан Fiat 500 од 1957 година, со актуелниот модел во заднина и со испечатен текст „Repubblica Italiana“. На опачината се наоѓа препознатливиот профил на оригиналниот „500“ и годините 1957 и 2017 – за стартот на производството на легендарниот модел и годината на издавање на монетата.

Издавањето на монетата се надоврзува на настаните со коишто се одбележуваат шесте децении на Fiat 500. Пред неколку месеци беше издадена и комеморативна поштенска марка.

https://youtu.be/_ABZcmBHUE8

Спектакл-мајсторите го снимија и првиот краткометражен филм во продукција на Fiat, наречен „See you in the Future“ со оскаровецот Едријен Броди и задолжителното присуство на оригиналниот 500 и славеничката верзија од актуелниот модел. Видеото досега има преку 19 милиони прегледи.

Претходна објаваЕлектричниот Nissan Leaf со летечки старт во продажбата
Следна објаваЕлектричниот i3 не му носи доволно заработка на BMW

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here