
Хонда во првите 11 месеци од 2024 година продаде 3,43 милиони возила на светскиот пазар, додека Нисан продаде малку над три милиони возила. Во почетокот на минатата седмица, Хонда ги соопшти плановите да се постигне договор, со којшто ќе ѝ припадне Нисан.
Најголемиот производител на автомобили во Кина, БИД, во истиот период продаде 3,76 милиони возила. Тоа прикажува јасно, колку Нисан и Хонда се послаби како единки, меѓутоа заедно можат да стекнат моќ за да се бранат од конкуренцијата.
Хонда и Нисан наидуваат на потешкотии да им се спротивстават на домашните производители на пазарот во Кина, коишто напредуваат мошне брзо. Кина во минатата година ја престигна Јапонија како најголем извозник на автомобили во светот и големи се изгледите дека предноста ќе продолжи да се зголемува и во 2025 година.
Двете компании мораа да ги смалат персоналот и производствените капацитети во Кина, додека Мицубиши речиси целосно се повлече од најголемиот автомобилски пазар во светот. Мицубиши веројатно ќе се придружи на комбинацијата Хонда-Нисан.
Продажбата на Хонда во Кина во ноември опадна за 28 проценти во споредба со истиот месец лани, додека производството се намали за 38 проценти.
На Хонда може да ѝ се појави кусок во парите што ќе мора да ги потроши за да го надомести заостатокот, затоа што планира да откупи акции во сопствената компанија во вредност од 1,1 трилион јени (околу 7 милијарди долари). Тоа во својот извештајот го наведе С и П Глобал Инк, компанија за рејтинг: „Масовниот откуп на акции не придонесува за зајакнување на идниот бизнис и може да доведе до одлевање на капиталот.“
Хонда во минатиот понеделник го соопшти планот за откуп на акции. Горната граница е поставена на 24 проценти од издадените акции. Вредноста на акциите во Хонда порасна за 0,8 процент на 25-ти декември.
Продажбата на Нисан во Кина во ноември беше послаба за 15,1 проценти, додека локалното производство забележи пад од 26 проценти.
Во светски рамки, продажбата на Хонда во декември падна за 6,7 проценти, на 324.504 возила, додека фабриките ѝ произведоа 20,4 проценти помалку возила. Светската продажба на Нисан опадна за 1,3 процент во споредба со лани, на 278.763 возила, а фабриките имаа пад од 14,3 проценти.
Хонда и Нисан заедно ќе бидат поголема закана и за Тојота, најголем производител на автомобили во светот, пред германскиот Фолксваген АГ. Глобалната продажба на концернот од Волфсбург стагнираше во ноември, поради забавената побарувачка и запреното производство во две фабрики.
Во ноември, продажбата на Тојота, вклучувајќи ги подмарките Даихацу и Хино, достигна 984.348 возила, соопшти производителот во минатата среда. Тоа е за 0,2 процент под ланскиот резултат. Продукцијата опадна за 9,4 проценти, на 966.921 возила.

Бизнисот на Тојота во Кина исто така трпи од електричните возила од локално производство, како и од жестоката конкуренција на пазарот на хибридни автомобили во САД. Исто како што е случај со Хонда и Нисан, владеењето на Тојота на пазарите ширум Југоисточна Азија слабее постојано, под притисокот од кинеските конкуренти.
На поширок план, освен со забавената побарувачка за нови автомобили годинава, Тојота мораше да се соочи и со скусување на продукцијата, како резултат од истрагите од страна на властите (Даихацу, Хино), и со сервисни повици во Јапонија и низ светот. Продукцијата меѓу јануари и ноември опадна за 7,3 проценти во Јапонија и за 15,2 проценти во Кина, наспроти растот што го постигна конкуренцијата на најголемиот пазар во Азија.
Вкупното производство на Тојота во Кина, вклучувајќи ги и возилата што се извезуваат оттаму, во ноември опадна за 1,6 процент во споредба со лани.
Инвеститорите сепак се спокојни околу мирувањето на продажбата на Тојота, откако Никеи објави дека компанијата планира да ја удвои рентабилноста на сопствениот капитал на 20 проценти.
Вредноста на акциите во Тојота порасна за 4,4 проценти. Претставник од компанијата соопшти дека Тојота „нема поставено финска цел или рок“ во поглед на рентабилноста на сопствениот капитал.















