за

Кинескиот Saab стартуваше со производство на електричниот 9-3

nevs 9-3 ev старт производство

Марката Saab повеќе не постои, но тоа не важи и за нејзините возила. Моделот 9-3 штотуку се реинкарнираше во фабриката на Nevs во Кина, со електричен погон. Наскоро може да се очекува и кросовер верзијата 9-3X.

Во фабриката во близина на кинескиот град Тјанџин започна производството на Nevs 9-3 EV. Електричната лимузина се базира врз Saab 9-3, моделот што Швеѓаните го претставија уште во 2003 година. Според производителот National Electric Vehicle Sweden, за возилото веќе постојат околу 150.000 нарачки, главно од операторите со големи возни паркови и рентакар компаниите во Кина. Досегот на Nevs 9-3 EV со полни батерии изнесува 300 километри. Фабриката моментно располага со капацитет за производство на 50.000 возила годишно, во втората фаза се планира продукцијата да се зголеми на 220.000 возила.

Nevs во 2012 година стана сопственик на дел од Saab, но поради правни причини лани мораше да се откаже од името Saab. Главнината од акциите во компанијата NEVS му припаѓаат на холдингот NME од Тјанџин.

Кинезите планираат на 9-3 да му се придружи и кросоверот 9-3X. Поранешната шведска марка имаше развиено електрична верзија од 9-3 уште пред банкротот пред шест години.

Saab 9-3: Шведскиот кабриолет што беше посилен и од турбото

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

shell полначи за електрични возила

Shell се придружува во поставувањето полначи за електрични возила

Џејмс Бонд изложба Лондон

Во посета на возниот парк на Џејмс Бонд во Лондон