за

Топ 10 Најпродавани марки во Европа во февруари

Toyota RAV4 плагин хибриден погон
Toyota RAV4 плагин хибриден погон

Пристигаат бројките од продажбата на нови автомобили во Европа во февруари, веројатно последните што уште ќе бидат во нормални рамки, пред последиците од епидемијата на корона врз автомобилскиот пазар да се покажат во продажбата за март.

Европските статистичари ги обработија податоците од продажбата на нови автомобили во ЕУ28 и во земјите од ЕФТА (Швајцарија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн) во февруари. Пазарот се скусил за 7,4 проценти во минатиот месец, на 957.052 возила. Овој пад се должи на низа влијанија, меѓу другото, промени во даночниот систем во повеќе држави, забавувањето на економијата во светски рамки и несигурноста на купувачите. Најголем пад во продажбата има во Германија (-10.8%), следат Италија (-8.8%), Шпанија (-6.0%) и Франција (-2.7%).

Меѓу марките, првото место традиционално му припаѓа на Volkswagen, со близу 120.000 патнички автомобили во февруари, но и со пад во продажбата од 9,7 проценти. На второто и третото место, со мала разлика се следат Peugeot и Renault. Четвртото место на Mercedes меѓу најпродаваните марки во Европа веќе не изненадува, покрај владеењето на марката меѓу СУВ-моделите во премиум сегментот, и секако, меѓу премиум компактите.

Масовното освежување на понудата од модели вроди плод, Toyota е петта најпродавана марка во Европа во февруари

Најпријатното изненадување сепак следи на петтото место. Toyota во минатиот месец продала за 10,8 проценти повеќе возила отколку во февруари лани, или вкупно 56.210 возила. Тоа е подобар резултат и од Skoda, иако разликата е мала. Високото место на јапонската марка се должи токму на фактот што таа успева да постигне впечатлив напредок, додека целиот пазар е во минус. Toyota е единствена марка во Топ 5, што бележи раст.

Позитивен биланс имаат уште BMW на осмото место (+4,1%) и Fiat (+1,6%) едно место подолу. Голем пад има кај Ford, кој во февруари има за 20% послаба продажба од истиот месец лани. Тоа би можело да се објасни со паузата до стартот на новите моделски генерации на Kuga и Puma.

Сериозни падови во продажбата на Opel, Mazda, Jeep, Jaguar, Alfa Romeo…

Меѓу останатите марки што постигнуваат позначаен удел во продажбата, со позитивен резултат се издвојува Seat на 14-то место (+8,4%), веднаш по Шпанците е Kia со +1,2%, додека Volvo има „само“ половина процент раст. Во време кога пазарот забавува, големо достигнување е дури и кога марката ќе се задржи во позитива.

Затоа, пак, продажбата на Opel бележи драстично опаѓање, со -20,9 проценти и со пласман на 12-то место, што е ниско за германската марка под покривот на Peugeot. Сериозно големи падови има и кај Mazda, Jeep, Honda, Jaguar, Alfa Romeo.

За луксузните марки, настрана од германското трио Mercedes, Audi и BMW, повторно се покажува дека не постои криза. Porsche и Lexus во февруари напредувале за повеќе од 50 проценти во споредба со истиот месец лани.

Продажба на автомобили по марки на европскиот пазар

Марка
Продажба
Тренд [%]
VOLKSWAGEN 119,281 -9.7
PEUGEOT 75,291 -4.9
RENAULT 73,622 -7.1
MERCEDES 58,775 -3.8
TOYOTA 56,210 +10.8
SKODA 55,734 -3.6
FORD 55,497 -20.0
BMW 55,095 +4.1
FIAT 54,229 +1.6
AUDI 51,095 -4.6
CITROEN 50,309 -5.1
OPEL/VAUXHALL 50,111 -20.9
HYUNDAI 38,307 -0.5
SEAT 38,068 +8.4
KIA 36,888 +1.2
DACIA 30,386 -26.9
NISSAN 28,275 -5.2
VOLVO CAR CORP. 23,135 +0.5
MINI 12,123 -5.8
MAZDA 11,602 -30.7
JEEP 10,990 -32.6
MITSUBISHI 10,966 -7.6
LAND ROVER 7,895 -2.2
HONDA 6,660 -25.7
LANCIA/CHRYSLER 5,950 +1.8
DS 5,728 +106.5
PORSCHE 4,666 +69.6
LEXUS 3,835 +50.5
JAGUAR 3,583 -31.0
ALFA ROMEO 3,405 -21.5
SMART 1,490 -79.7
Bentley, Lamborghini, Bugatti 398 +18.5
Dodge, Maserati 278 -50.4
LADA 190 -60.4
ALPINE 61 -82.7

Топ 10 Најприродни ситуации за Lexus RX 450h … и 10 други

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Светскиот автопазар во опаѓање, единствено САД имаат раст

Светскиот автопазар во опаѓање, единствено САД имаат раст

Зошто возењето велосипед е добра заштита

Зошто возењето велосипед е добра заштита