По периодот во којшто европските купувачи беа повеќе резервирани околу изборот на нов автомобил, во време на политичка и економска неизвесност, СУВ-моделите од градската класа го презедоа водството како најпродаван сегмент на европскиот пазар. Тоа место годинава си го вратија СУВ-моделите од Ц-сегментот, односно компактните СУВ.
На еврпскиот автомобилски пазар, во првите десет месеци од годинава се продадени 305.739 возила од С-ЦУВ сегментот повеќе отколку во истиот период лани.
Вкупната продажба на моделите во овој пазарен дел брои 2.017.644 возила, односно 17,9 проценти повеќе отколку во минатата година.
Двоцифрен раст во продажбата имале само уште сементите на СУВ-моделите од средната класа (+23,1%), вановите од средна класа (+20,6%) и луксузните лимузини (+22,3%), меѓутоа пазарниот обем на тие два сегменти е далеку зад компактните СУВ.
Единствени модели во Топ 10 што имаат раст во изминатите 10 месеци се Фолскваген Тигуан, со +3,3% и Пежо 3008 со +30,0%.
Тоа укажува дека растот во овој сегмент доаѓа од моделите што се надвор од Топ 10 и допрво ќе се појавуваат на првите места, како што е случај со Дачиа Бигстер (7-ми најпродаван модел во октомври) или Шкода Елрок (4-то место во сегментот во октомври).
















