Формула 1 болид на Шумахер и салонски уникати на наддавање во Абу Даби

Формула 1 болид на Шумахер и салонски уникати на наддавање во Абу Даби
Формула 1 болид на Шумахер и салонски уникати на наддавање во Абу Даби

Аукциската куќа Сотбис прави спектакл од последното наддавање за годинава. Во Абу Даби во следниот викенд ќе се бараат нови сопственици за некои од најскапите автомобили на планетава, од рангот на Ferrari FXX K, но и за историски болиди во формула 1 и уникати прикажани само на големи авто салони.

Последното наддавање годинава во организација на ценетиот Сотбис се одржува на 30-ти ноември во Абу Даби. Локацијата е тркачката патека „Јас Марина“, кадешто во следниот ден ќе се вози завршната трка во формула 1 за оваа сезона. Предмет на наддавање ќе бидат четириесет возила, од кои за половината се очекува дека на новите сопственици ќе им вредат најмалку еден милион долари.

Посебно внимание привлекува Ferrari FXX K од 2015 година, кој е првиот примерок од оваа ограничена моделска серија што се нуди на јавна аукција. Со моќност од 1.050 КС, тој се цени како најсилен сериски модел во историјата на Маранело, а конкретниот примерок има поминато само 250 километри. Сотбис цени дека возилото ќе достигне најмалку четири милиони долари.

Мајк Шумахер со победничкиот болид на неговиот татко од 2002 година, од трката за големата награда на Германија, на Хокенхајмринг

https://photos.app.goo.gl/kfwJQ5LteT1tdkFF8

Постои историска врска на FXX K со „Јас Марина“, кадешто моделот имаше премиера кон крајот на 2014 година. Додатокот „К“ во моделската ознака се однесува на системот KERS, познатиот систем за повраток на енергијата при сопирање во болидите во формула 1. Со притискање копче, оваа енергија дополнително го снабдува електромоторот, помагајќи му на моторот V8 од 6,3 литри да постигне спектакуларно забрзување. Серијата се изработи во само 32 примероци.

На наддавањето ќе бидат понудени седум автомобили Ferrari, вклучувајќи два болиди во формула 1. Едниот од нив е победничкиот болид на Михаел Шумахер, на трката за големата награда на Франција пред 17 години, со што германската возачка легенда ја освои својата петтата титула на светски првак. Проценетата вредност: 7,5 милиони долари. Дел од сумата ќе биде насочена во фондацијата Keep Fighting, како глобална иницијатива на фамилијата Шумахер, за унапредување на културата, образованието, науката и јавното здравство.

Вториот едносед е Ferrari 126 C2, победничкиот болид на Патрик Тамбе на германското гранпри во 1982 година, на Хокенхајмринг. Марио Андрети во истата година и со истиот автомобил го освои третото место на трката за големата награда на Италија, во Монца. Ferrari тогаш ја освои титулата во конкуренција на конструктори. Вредноста според Сотби изнесува 2,5 милиони долари.

Изработен во серија од 75 примероци, SLR McLaren Stirling Moss во Абу Даби може да достигне вредност од близу три милиони долари

https://photos.app.goo.gl/kX7NQQiAus24go846

Не се помалку интересни и останатите автомобили, меѓу кои Mercedes-Benz SLR McLaren Stirling Moss од 2010 година (2,75 мио. долари). Возилото има само 500 километри и дел е од серијата од 75 примероци, изработена во чест на победата на Сер Стирлинг Мос на Миле Миља во 1955 година.

Aston Martin One-77 од 2011 се цени на најмалку 1,5 милион долари, а четирипати повеќе од тоа може да достигне цената на Pagani Zonda Aether (меѓу 4,5 и 5,5 милиони долари). Уникатот вози со 7,3-литарски V12 со 760 КС при 8.000 вртежи.

Директно од специјалистите за реставрација во Маранело доаѓа Ferrari F40 од 1990-та година, со потпис на Себастијан Фетел напред и со вредност проценета на најмалку 1,5 милион долари. Автомобил од филм во буквална смисла е Jaguar C-X75 од 2015 година, од филмот „Spectre“ со Џејмс Бонд. Конкретниот примерок е прв од четирите што се користени во филмот. Британската марка го разви моделот како концептен автомобил, со четири електромотори и со две гасни турбини.

Сотби очекува вкупната вредност на возилата на наддавањето да достигне 50 милиони долари.

Настанот на Сотбис се одржува во кругот на Јас Марина, кадешто во следниот ден се вози завршната трка во формула 1

https://photos.app.goo.gl/UpV2trCkuDS7WFeo9

Ferrari 126 C2

https://photos.app.goo.gl/BNhLPZ8rXtqWNZYS9

Aston Martin One-77

https://photos.app.goo.gl/byWnmN5G6tNcKKz89

Ferrari F40

https://photos.app.goo.gl/BpsQhQ8bLqDxytL9A

Pagani Zonda Aether

https://photos.app.goo.gl/Cu9iriCKSPdhWTvs6

Jaguar C-X75

https://photos.app.goo.gl/J2eXUg3WNTA6mdNi9

https://www.instagram.com/p/B42gE9eA3pp/

https://www.instagram.com/p/B5A2uQIAwaT/

Дебакл на наддавањето на историското Porsche: 17 или 70 милиони?

Претходна објаваLexus UX е добар кросовер, заслужи прв да вози на струја за марката
Следна објаваToyota Corolla и Honda CR-V се „најзелени“ автомобили во Лос Анџелес

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here