Министерството за внатрешни работи соопшти дека во неделата, на 24-ти август, ширум државата, од вкупно издадени 956 платни налози, односно парични казни, дури „725 однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.“
Тоа е податок што несомнено ја прикажува вистинската слика во сообраќајот низ Македонија. Бројките може да бидат уште поверни, доколку бројот на сообраќајните контроли се зголеми и доколку присуството на полициските службеници на патиштата стане повеќе редовност, отколку исклучок.
Во посебен дневен извештај на МВР за 24-ти и 25-ти август, се јавува за пет возачи што биле лишени од слобода поради „безобѕирно управување со моторно возило“, односно тоа што народот го гледа како лудување и загрозување на животот. Полицијата наведува пример за возач на Ауди од село Долна Лешница, што на автопатот СК-ТЕ возел 184 км/ч на место каде што е дозволено темпо 80. На истиот пат, извесен 25-годишник од село Студеничани, со скопско БМВ летал 192 км/ч, на дозволени 100 км/ч. Третиот случај на брзо возење е на патот кон битолска Меџитлија, со 107 км/ч на место со дозволени 50 километри на час.
Двата преостанати случаи што ги наведува сооштението се за возење под дејство на алкохол, едниот во Велес, кога на 27-годишник во БМВ му биле измерени 2,28 промили алкохол во крвта, другиот во близина на Ростуше, за 48-годишник со 2,9 промили.
Тоа што многумина го забележуваат и веројатно го коментираат со класичното „кој ти даде дозвола“, се потврдува со податокот дека на 24-ти август, изречени се „66 мерки за возачи што управувале возило без возачка дозвола“. За алкохолизирани возачи се однесуваат 25 случаи, коишто со опасното однесување заменуваат илјада возачи без возачка дозвола.
На неделно ниво, од 18-ти до 24-ти август, извештајот на полицијата брои вкупно 4.806 платни налози, од кои
- по основ на непочитување на брзината на движење, 1.816 прекршоци
- непрописно паркирање 1.023 прекршоци
- возачи кои возеле без возачка дозвола, 530 прекршоци
- мотоциклисти без заштитен шлем, 207 прекршоци
- некористење на сигурносен појас, 211 прекршоци
- користење на мобилен телефон, 122 прекршоци
Тоа што воопшто не соодветствува со реалната слика, е бројот на прекршоци за минување на црвено светло. Полицијата вели дека евидентирала 21 таков возач. Хаосот и постојаниот метеж во сообраќајот веројатно ограничува контролите да бидат поделотворни, меѓутоа што е со системот на камери. Додека навистина профункционира системот што придодно ќе се одржува, односно финансира, како и секаде во светот, од казни, народот секојдневно ќе забележува примери на минување на црвено светло.
Пореални бројки се за очекување и за нерегистрираните (86 возила) и технички неисправните (33) возила.
МВР продолжува со сообраќајните контроли и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот „да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“.

















Lud narooood