
Автомобилите ги возиме помалку во овие пандемиски времиња. Но, автомобилите не смее да се запостават. Сервисните интервали во одредени случаи важат и за автомобилите што не се користат.
Моторното масло не старее само со километражата, туку процесот на стареење се одвива и додека возилото мирува. Затоа е добар совет да се погледне под хаубата и да се причита на етикетата, кога последен пат е сменето моторното масло и кога треба да се изврши следната промена. Некои производители и сервисни работилници ги лепат етикетите на средишниот столб. Кај поновите автомобили, интервалот за менување на моторното масло се покажува и во самите инструменти.
Посетите на сервисната работилница се пропишуваат или на одредена километража или по одредено временско растојание – зависно од тоа што ќе биде прво. Тоа значи дека пропишаното сервисирање мора да се изврши доколку едноставно е дојдено време за сервисирање, без разлика што не е помината километражата. Значи, ако промената на масло е извршена пред една година, тогаш престои замена на маслото, без разлика што во моментот возилото има поминати, на пример, 4.000 километри од последната промена на маслото.
Во некои случаи е препорачливо, промената на масло да се изврши и предвреме. Тоа важи особено за овие времиња, кога автомобилите се возат претежно на куси релации (до 10 километри по возење), без подолги патувања.















