за

Mitsubishi L200 е најдобар пикап според „Company Car and Van“

Mitsubishi L200 е најдобар пикап според „Company Car and Van“
Mitsubishi L200 е најдобар пикап според „Company Car and Van“

Mitsubishi доби уште една потврда дека има вистински погодок со новата генерација на пикапот L200. Британски магазин наменет за раководители на возни паркови го прогласи моделот за „Best Pick-up“ за 2020 година.

Продолжува актуелноста на новата генерација на пикапот Mitsubishi L200, кој почна да се испорачува на европскиот пазар кон крајот на летото, за од пред два месеци да стартува со продажба и на македонскиот пазар. Исто како на неколкуте пазари ширум Европа, кадешто пикапите постигнуваат натпросечен удел во продажба, така и кај македонскиот увозник беа изненадени од големиот интерес за новиот модел.

Тоа што купувачите го забележаа во новиот модел, беше причина и британскиот магазин Company Car and Van, да го избере Mitsubishi L200 за најдобар пикап за 2020 година. Станува збор за магазин што е тесно специјализиран за менаџерите на возни паркови во големите компании.

Уредникот Ендрју Вокер открива: „Кога го возевме новиот Mitsubishi L200, со одушевеност објавивме дека неговите возни својства се многу подобрени во споредба со сите претходни генерации на L200. Моделот од шестата генерација влегува во територија што е сосем нова за пикапот на Mitsubishi, со однесување речиси како на автомобил, во исто време задржувајќи ги квалитетите на работен коњ. Право на врвот во класата.“

Повеќе во нашите објави за Mitsubishi L200:

Mitsubishi L200: Цврст како Pajero, удобен како Galant

Новиот Mitsubishi L200 пристигна во Макауто Стар: Пикапот станува модерен

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Плетенград: Toyota создава прототип на градот на иднинатаПлетенград: Toyota создава прототип на градот на иднината

Плетенград: Toyota создава прототип на градот на иднината

контрабас карлос гон бегство

Како екс-шефот на Renault побегна сокриен во куфер за контрабас