Купување Mitsubishi преку интернет во Велика Британија

mitsubishi интернет велика британија

Британците можат да купат модел на Mitsubishi комплетно преку интернет. Во споредба со постоечките портали што вршат онлајн-трговија со возила, Mitsubishi Buy Online се разликува во тоа што корисникот сам одредува до кој степен ќе го користи интернетот при купувањето.

Предноста пру купување возило преку интернет услугата на Mitsubishi се состои во тоа што веднаш се добива увид во висината на месечната отплата, рокот на испорака, како и проценетата вредност на постоечкото возило. Купувачот прво го поставува буџетот (лимит на месечна рата, учество, годишна километража, рок на оплата) и го избира начинот на финансирање. Се прикажуваат сите опции на отплата, купувачот ги споредува и ја избира опцијата што му е најповолна.

Купувачот може веднаш да дознае колку ќе вреди возилото по одреден период

Во следниот чекор се прикажуваат сите возила што одговараат на барањата на купувачот, по што следува вообичаениот избор на боја, опрема, опции и прибор. Секако дека постои можност за резервација на тест возење пред финализирањето на купувањето. Во соработка со специјализирана компанија, на вебсајтот се прикажува и проценетата вредност на возилото по одреден временски период.

https://www.facebook.com/MitsubishiUK/photos/a.221924914511525.48227.138667099503974/1510900925613911/?type=3

Избор на купувачот е дали тука ќе го напушти онлајн-сервисот и ќе го доврши купувањето во најблискиот салон или пак целата процедура ќе ја заврши преку интернет. Во неколку градови постои можност возилото да се испорача директно до домот.

Претходна објаваСема Шоу: Брз змиски отров и жешки тркала во Лас Вегас
Следна објаваНовите автомобили трошат 42% повеќе гориво од фабричката декларација

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here