за

Минибуси без возачи во бесплатен превоз во Берлин

минибуси без возачи берлин

Новите автобуси во Берлин се малечки, со дрежливо жолта боја и речиси безшумни. Тие немаат ниту возач. Четири самовозечки минибуси вчера стапија на должност во германската престолнина. Електричните минибуси без возачи се произведени во Navya и почнувајќи од следниот месец ќе сообраќаат редовно на подрачјето на клиниката Вирхов. Болничкиот персонал, пациентите и посетителите ќе ги користат автобусите бесплатно.

Преку проектот ќе се истражуваат можностите за примена на самовозечки автобуси како надополнување на постоечкиот превоз во градот. Во вкупната вредност на проектот од преку четири милиони евра, германското министерство за животна средина учествува со три милиони евра, додека преостанатиот дел го покриваат компанијата за јавен превоз, Универзитетската клиника Шаритé и самиот град Берлин.

Од следната година овие минибуси без возачи ќе се пуштат и без надзор

Минибусите се движат со 12 километри на час и располагаат со место за 11 патници. Заради безбедност, во почетокот присуствува и лице што го надгледува автономното возење. По една година, техниката ќе добие „дозвола“ да управува комплетно самостојно, без директен надзор.

Техниката за автономно возење заработе лоши наслови во минатата седмица, откако возило на Uber усмрти жена што преминувала улица на неосветлено и необележано место. Експертите за оваа технологија веднаш проценија дека станува збор за пропуст на Uber, но не и генерално на технологијата што е во напредна фаза од развојот кај сите поголеми производители на автомобили.

Нови решенија за мобилност место нови и прескапи болнички комплекси

Ова не е прво ангажирање на „самовозечката“ техника во земјата. Германската железница есеноска го пушти во редовна линија првиот минибус со автономна технологија, во бањата Бад Бирнбах, во Баварија. Во Германија очигледно се бараат нови решенија за мобилност, место да се градат прескапи болнички комплекси.

Автономно возило на Uber усмрти пешак во Аризона

Ова е Mercedes Sprinter од иднината: Со погон на струја, автономен и во мрежа

Volvo тестира „самовозечки“ камион за собирање отпад

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

hyundai pretsedatel sindikat

Вработените во Hyundai во страв од електричните автомобили

Denza 500

Кинескиот електромобил на Daimler минува до 500 километри