Mercedes до септември продал над 1,7 милион возила

mercedes gle prodazba marka

Септември донесе колебање на продажбата и кај Mercedes, иако помалку драстично отколку кај конкурентите. Четирите важни моделски премиери на салонот во Париз ќе доведат до нови рекорди во следните месеци

Преоѓањето на новата норма WLTP остави последици и врз продажбата на Mercedes. Во септември се продадоа 202.819 возила низ светот, што е за околу осум проценти под историскиот рекорд во истиот месец лани. Гледано во првите три квартали од годинава, Mercedes сепак ја задржува одличната ланска продажба, со вкупно 1.715.087 возила (-0,1%).

Марката со сребрената ѕвезда во минатиот месец беше најпродавана премиум марка во Велика Британија, Италија, Франција, Русија, Швајцарија, Португалија, Шведска, Турција, Јапонија, Австралија, САД и Мексико. На тековниот салон во Париз е претставена и новата генерација на GLE (како што се води наследникот на M-Class). Моделот ќе донесе уште поголем пораст во продажбата.

За десет години се продадени над 1,6 милион примероци од Mercedes GLC

Кина продолжува со рекорди, со 54.632 возила во септември (+6,9%) и вкупно 505.707 возила во првите три квартали (+13,1%). Рекорд постигнаа и СУВ-моделите: GLA, GLC, GLC Coupé, GLE, GLE Coupé, GLS и G-Class до септември постигнале 612.186 продажби (+3,4%). Најголем пораст бележи GLC. За десет години, Mercedes продал над 1,6 милион возила во сегментот на СУВ-моделите од средната класа.

Mercedes A-Class Limousine naslovna Лимузината пристига како нов член во гамата на Mercedes A-Class

Знаменосецот Mercedes S-Class за девет месеци има над 58.000 продажби, што е за дури 24% повеќе отколку во истиот период лани. Успехот се пренесува и на Maybach, кој исто така има рекордна продажба до септември. Само во Кина, во изминатиов период се продавале по 500 примероци од Mercedes-Maybach S-Class месечно.

A-Class имаше рекорден септември (+1,7%). Во семејството модели од компакт класата наскоро пристигаат B-Class, AMG A 35 и A-Class Limousine, сите три со премиера на тековниот салон во Париз (до 14-ти октомври).

Mercedes гради фабрика за батерии во САД

Овој Mercedes е сé освен автомобил од Б-класа

Mercedes GLE ќе го прави шоуто на салонот во Париз

Претходна објаваНа салонот во Париз се изложени 43 електрични автомобили
Следна објаваTesla дистрибуираше Софтвер 9.0 во своите автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here