за

Mercedes со деветта рекордна година, број 1 во премиум сегментот

Mercedes A Class Sedan profi
Mercedes A Class Sedan profi

Продажбата на Mercedes повторно постигна рекорди лани: Најдобар квартал во историјата, најдобра продажба во Германија во последните десет години, дури и G-Class го надминал претходниот рекорд. СУВ-моделите учествуваат со една третина во продажбата.

Mercedes-Benz лани ја имаше деветтата рекордна година во низа. Вкупно биле испорачани 2.339.562 возила од марката, што претставува раст од 1,3 процент. Четврта година останува и титулата на најпродавана премиум марка во светот. Најголемиот раст доаѓа од Кина, како најголем пазар за Мercedes во светски рамки. Лани, таму биле пласирани 693.443 возила (+6,4%). Десетината нови или освежени моделски серии што стартуваа со продажба во 2019 година, исто така носат голема заслуга за натамошното зголемување на продажбата.

Mercedes во 2019 година била најпродавана премиум марка во Германија, Велика Британија, Франција, Шпанија, Белгија, Швајцарија, Полска, Португалија, Јужна Кореја, Јапонија, Австралија, Тајланд, Виетнам, Сингапур, Канада и Јужна Африка.

Петте најголеми пазари за Mercedes во минатата година биле Кина, Германија, САД, Велика Британија и Јужна Кореја. Најдобрата година во историјата на компанијата е придружена и со најдобриот квартал на сите времиња, со 614.319 возила (+3,2%) продадени во последниот квартал од 2019 година.

Годинава ќе продолжиме да ја подмладуваме нашата моделска понуда со повеќе од десет нови или освежени модели, а особено со модели со електрифицирана погонска спрега.

Брита Зегер, директорка на продажбата на Mercedes-Benz

Во Европа лани биле испорачани 937.881 автомобили со сребрената ѕвезда, за 0,4% повеќе од преклани. Најмногу напредувал домашниот пазар, со продажба зголемена за 14.000 возила, односно вкупно 318.353 возила (+4,8%). Тоа била најдобра продажба во последните десет години на германскиот пазар. Голем дел од порастот се должи на компактите. Нови рекорди се поставени и во Швајцарија, Полска, Данска и Унгарија.

Секој трет продаден автомобил Mercedes лани бил СУВ

Со 783.700 продадени примероци од GLA, GLB, GLC, GLC Coupé, EQC, GLE, GLE Coupé, GLS и G-Class, СУВ-моделите биле најпродаван сегмент лани (-4,5%). Продажбата ќе продолжи да расте благодарние на новите GLC и GLE. Во целиот овој сегмент, бестселер повторно е GLC. Одлични вести носи и G-Class, кој ја надминал рекордната продажба од 2017 и поставил нов рекорд, со близу 35.000 испорачани примероци.

Нов рекорд и за моделите од компакт класата

Во 2019 година, секој четврти Mercedes-Benz бил модел од компакт класата. Испорачани се повеќе од 667.000 примероци од A- и B-Class, CLA, CLA Shooting Brake, GLA и GLB (+9,5%). Со тоа е поставен нов рекорд, за 30.000 подобар од оној во 2016 година. Со премиерата на GLB, семејството модели од компакт класата сега брои осум изведби. Се очекува наскоро да стартува и новиот GLA.

Најпродавана лимузина е C-Class со повеќе од 392.900 примероци

C-Class во лимузинска и комби изведба е најпродаван класичар во понудата на Mercedes. Продажбата напредувала најмногу во регионот на Азија и Пацификот (+8,5%). Откако стартуваше моделската серија со Mercedes 190 во 1982 година, досега се испорачани повеќе од 10 милиони примероци ширум светот.

Веднаш зад C-Class следи E-Class, со 351.000 продадени возила (-1,3%). Кај E-Class најмногу се покажува колку кинескиот пазар е важен за лимузините на Mercedes. Продолжената изведба на „модерниот 123“ таму постигнала нов рекорд, воедно бележејќи двоцифрен раст. Секоја втора E-Class лани била продадена во Кина, во продолжена изведба.

S-Class е најпродавана луксузна лимузина во светот во 2019 година

Знаменосецот на марката со сребрената ѕвезда е најпродавана луксузна лимузина во светот лани, со 71.700 примероци. Голема популарност ужива Mercedes-Maybach S-Class, којашто исто така постигнала рекорд лани, во голем дел благодарение на кинескиот пазар. Таму секој месец се продаваат по ооколу 500 примероци од оваа луксузна лимузина. Годинава пристига и GLS во изведба Maybach.

Годинава во понудата на Mercedes ќе пристигнат пет модели со погон само на струја и повеќе од 20 моделски изведби со плагин-хибриден погон.

Mercedes-Maybach GLS 600
Mercedes-Maybach GLS 600

Продажба на Mercedes-Benz Cars во 2019 година


Вкупно во 2019

Промена во %

Mercedes-Benz

2.339.562

+1,3

smart

116.781

-9,3

Mercedes-Benz Cars

2.456.343

+0,7

 

 

 

Продажба на Mercedes-Benz по региони / пазари

 

 

Европа

937.881

+0,4

Германија

318.353

+4,8

Азија и Пацифик

977.922

+3,7

Кина

693.443

+6,2

НАФТА

372.144

-1,6

САД

316.094

+0,0

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo_XC40_Recharge_P8_AWD

Добар почеток на продажбата на електричниот Volvo XC40

Suzuki Vitara X-90

Најоригиналниот модел на Suzuki на сите времиња, дефинитивно