Mercedes-Benz планира да му олесни на светот да дојде до G-Class, барем малку. Марката од Штутгарт ќе произведува помала верзија од иконскиот теренец, еден од носителите на имиџот на марката од Штутгарт. Тоа во неделата го потврди извршниот директор Ола Келениус.
Мини-гелендеваген (G доаѓа од Geländewagen, теренско возило) ќе вози на струја и ќе биде „забавен за возење – како на асфалт, така и надвор од него“, кажа Келениус на настанот во предвечерието на салонот ИАА Мобилити во Минхен.
Актуелната G-Class е меѓу најскапите и најпрофитабилни модели на Mercedes.
Помалата изведба од G-Class е сосем извесно дека ќе чини зналително помалку од „големиот теренец“, чијашто цена во Германија стартува од околу 120.000 евра.
Засега нема потврда кога помалата G-Class би можела да се појави на пазарот.
Mercedes планира в година да започне со продажба на електричната наследничка на G-Class, под ознаката EQG
Уште во времето на поранешниот шеф Дитер Цече проструија гласини дека Швабите планираат помала верзија од G-Class. Тоа што произлезе како резултат е GLB, повеќе ориентиран кон семејна примена, отколку како лајфстајл-модел.
Mercedes G 500 во нашиот онлајн-каталог за сите нови автомобили на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК
Се претпоставува дека моделот ќе ја носи ознаката g-Class, со мала буква.
Малата g-Class ќе користи комбинација од идните платформи MMA и MB.EA. Погонот на сите тркала е задолжителен. Имајќи предвид дека првите модели врз платформата MB.EA ќе почнат да се појавуваат во 2025 година, можно е g-Class да стартува на пазарот најрано во 2026 година.
















