Мерцедес го ангажира поранешниот финансиски директор на Континентал, постави нови директори за продажба

Олаф Шик до неговиот трансфер во Мерцедес во следната есен, ќе го подготвува спинофот на автомобилскиот огранок на Континентал

Директорот за финансии на Континентал, Олаф Шик, ќе си замине од сегашното место и ќе премине во групацијата марки на Мерцедес-Бенц, во рамките на менаџерската смена во германскиот производител на премиум автомобили.

Шик, 52 години, на 1-ви октомври 2025 година ќе ја замени Рената Јунго Брингер во управниот одбор на Мерцедес, на нејзиното место на шеф за интегритет, раководење и одржливост. Шик претходно има работено во Мерцедес, меѓу другото на местото на директор за финансии и контрола во Кина и шеф за усогласеност.

Брингер, 63, заминува од позициајта пред да истече нејзиниот договор, објави Мерцедес на 11-ти декември.

Континентал неделава потврди дека до завршетокот на следната година ќе направи спиноф на автомобилскиот огранок и ќе се посвети на своите деловни едници за автомобилски гуми и индустриски решенија. Германскиот добавувач подоцна ќе го објави името на наследникот на Шик. До неговото заминување на 30-ти септември 2025 година, Шик ќе го подготвува спинофот на автомобилскиот бизнис, соопшти Континентал.

Тоа се најголемите смени во менаџерскиот тим, откако Ола Калениус стана извршен директор во 2019 година. Останатите смени:

Брита Зегер, 55, членка на одборот со одговорност за продажба и маркетинг, станува директорка за човечки односи и за работнички прашања. Таа ја заменува Сабине Колајзен, која ќе ја напушти позицијата на 30-ти април, уште пред да истече нејзиниот договор на 30-ти ноември.

Матијас Гајсен, 46, во моментов директор за доставни возила на Мерцедес, во март ќе ја замени Зегер, како нов шеф за продажба и маркетинг во управниот одбор.

Оливер Тене, 40, во моментов директор за стратегија на производи и управување, доаѓа на местото на Хубертус Троска во управниот одбор, како шеф за Кина, почнувајќи од 1-ви февруари. Троска, 64, заминува во пензија и ќе работи како специјален претставник на Мерцедес во Кина.

Меѓу најголемите изненадувања во Мак Аутостар годинава: Електрична Г-Класа

Претходна објаваСтелантис верува дека достапните ЕВ ќе го спасат концернот од казните на ЕУ
Следна објаваШефот на Мерцедес е новиот претседател на здружението АЦЕА

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here