Мерцедес развива автомобил со којшто ќе може да се разговара

Некои компании ветуваат автомобили од иднината што ќе летаат, други најавуваат автомобили што сами ќе си се возат. Затоа, пак, Мерцедес-Бенц уште сега е подготвен да продава автомобил со којшто ќе може да се разговара.

Преку соработката со Гугл, на Алфабет Инк, германскиот производител има намера да го пушти во продажба новото купе ЦЛА, што ќе користи „виритуелен асистент“ заснован врз вештачка интелигенција, што ќе насочува до саканото одредиште и ќе одговара на прашања на возачот.

Мерцедес кажува дека автомобилот што ќе почне со испорака подоцна во текот на годинава, ќе биде способен да најде соодветно одредиште дури и за поспецифични барања, како на пример ресторан со висока оцена или сигурно место за возилото да се приклучи на полнач.

„Замислете го тој виртуелен асистент како ваш личен батлер во автомобилоит, што ќе прави сé во автомобилот.“ Тоа го кажа извршниот директор на Мерцедес, Ола Калениус, во телефонско интервју за индустрискиот гласник Аутомотив Њуз. Тој го споредува системот со Џарвис, замислениот лик од светот на вештачката интелигенција, што го користи суперхеројот Ајрон Мен.

Системот Мерцедес-Гугл, на којшто се работело со години наназад, ќе оди чекор понапред од услугите за водење на автомобилот до саканото одредиште, што веќе се нудат во голем број возила. Под име МБУКС Виртуелен Асистент, системот е замислен да го слуша возачот и да користи вештачка интелигенција, за да предложи одредиште, дури и без возачот јасно да му укаже што бара точно. Како пример, тој може да ги прегледа оцените за рестораните во близина и со тоа да помогне да се најде најдобро место за вечера. Виртуелниот асистент ќе знае дури и по кој специјалитет е прочуен шефот во некој од рестораните во близина.

„Да претпоставиме дека имате желба да отидете во италијански ресторан. Сообраќајот е во застој,“ вели Томас Кјуриен, извршен директор на Гугл Клауд. „Може ли да ми кажеш дали има таков ресторан во близина? Тој ќе го најде. Системот може да ви помогне да најдете места што не ги имате внесено како одредиште.“

Мерцедес планира да го пушти системот во текот на летово, прво во Европа, за наесен тој да стане достапен и во САД.

Мерцедес Концепт ЦЛА Класа на саемот на потрошувачка електроника во Лас Вегас лани

Останатите производители на автомобили исто така веќе пуштија генеративни гласовни асистенти врз основа на вештачка интелигенција. Стелантис лани воведе услуга базирана на Чет ГПТ во моделите на Алфа Ромео, Ситроен, ДС и Пежо.

Исто така во текот на минатата година, Фолскваген воведе Чет ГПТ во своите електрични модели ИД, како и во најновото годиште на Голф.

Претходна објаваСветската продажба на електрични автомобили лани пораснала за 25%
Следна објаваХонда сака да ги откупи акциите на Рено во Нисан

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here