за

Mercedes вложува 100 милиони евра во фабрика за батерии во Тајланд

mercedes fabrika baterii tajland

Mercedes вложува над 100 милиони евра во производство на батерии во Бангкок, заради покривање на растечкиот интерес за електричните автомобили во регионот на Југоисточна Азија.

Во соработка со локалниот партнер Thonbury, Mercedes до 2020 година ќе вложи над 100 милиони евра во фабрика за батерии во Банкгок. Тоа е шестата фабрика во којашто германскиот гигант ќе произведува батерии за покривање на потребите на целиот свој производствен синџир. Mercedes стратешки распореди фабрики на три континенти, кои можат да реагираат флексибилно на потребите на производителот каде било низ светот.

Концернот Daimler до 2022 година ќе понуди најмалку по една варијанта со електрифицирана погонска спрега во сите свои моделски серии, од A-Class до GLSClass. Вкупно ќе има повеќе од 50 електрични или плагин-хибридни модели

Кросоверот EQC ќе стартува со производство во 2019 година во фабриката во Бремен, како прв модел од подмарката EQ. Покрај електричниот погон, Daimler вложува и во конективност, автономно возење и мобилни услуги, како дел од стратегијата Case (Connected, Autonomous, Shared & Services, Electric).

Фабриката на Mercedes во Тајланд лани произвела над 12.000 возила

Mercedes лани продал повеќе од 14.000 возила во Тајланд, што е рекорд за марката. Најпродавани модели се E-Class, C-Class и CLA Coupe. Во земјата моментно се произведуваат девет модели, вклучувајќи ги моделите со плагин-хибриден погон од C-Class, S-Class, E-Class и GLE. Mercedes е пазарен лидер во премиум сегментот во Тајланд уште од 2001 година.

Фабриката во близина на Бангкок започна со производство на легендарниот Mercedes W123 пред повеќе од 40 години. Моментно се произведуваат девет модели: CLA Coupé, GLA, лимузинска и купе изведба од C-Class, E-Class, S-Class, GLC, GLC Coupé и GLE

Овој Mercedes прави Panamera да изгледа здодевно

Кинезите му се лутат на Mercedes поради еден цитат

Неколку факти што Mercedes сака да ги знаеме за A-Class

Фабриката во Бремен повеќе не е најголема фабрика на Mercedes

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

макпетрол наградна игра верна повторно наградува

Нова наградна игра на Макпетрол: Верна повторно наградува

Fiat Panda Raid 2018

Малечкиот Fiat што го вози големото рели