Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини во висина од 25 проценти за стока што влегува во САД. Посебно се чувствителни автомобилите на БМВ, Мерцедес и марки на концернот Фолксваген, како Порше и Ауди, што се увезуваат од Европа. Трамп најави дека одлуката ќе ја соопшти во почетокот на април.
Добивката на автомобилскиот огранок на Мерцедес, без пресметани камати и даноци (ЕБИТ) во 2024 година изнесуваше 8,7 милијарди евра, со продажна маржа од 8,1 проценти, за промет во висина од 108 милијарди евра. Во случај маржата да се смали за еден процент, тоа би скусило 1 милијарда евра од добивката на Мерцедес-Бенц.
Извршниот директор Ола Калениус, кој е воедно и претседател на Европското Здружение на производители на автомобили АЦЕА, соопшти дека Трамп предложил царините да бидат и повисоки од 10 проценти. Тој кажа дека вредноста од 10 проценти била понудена врз споредбена основа и очекува преговорите да завршат со пониска стапка.
Десетте проценти се „референтна вредност“, наведе Калениус. „Се подготвуваме за секакво сценарио.“
Европска Унија наплаќа царина во висина од 10 проценти за сите автомобили што се увезуваат во Унијата, вклучувајќи ги автомобилите што се произведени во САД.
Ц- или Е-Класата веројатно ќе се вселат во фабриката во Алабама
Мерцедес-Бенц презема други чекори за да ги ублажи последиците од евентуалните царини. Фабриката во Венс, Алабама, веројатно ќе добие уште еден модел од „јадрото“ на германската марка, а тоа значи или Ц- или Е-класа. Во фабриката за доставни возила се произведуваат ГЛЕ и неговата купе изведба, ГЛС и електрични модели.
Според извор од добавувачите, можно е Мерцедес во вториот квартал од 2027 година да отпочне со производство на ГЛЦ во САД. Во првата полна година во производство би се постигнала продукција од 50.000 возила, открива неименуваниот извор. ГЛЦ е втор најпродаван модел на Мерцедес во САД, со продадени 64.163 примероци.
„Преселувањето фабрика може да потрае две, три, а можеби четири години,“ кажува Калениус, „Но, ние сакаме да растеме во САД.“
Со тоа би се зголемил уделот на локално произведени возила за локалниот пазар во САД. Мерцедес има цел да го зголеми уделот на локалното производство на 70 проценти во светски рамки во 2027 година, наспроти 60 проценти денес.
Покрај тоа што ќе се додаде уште еден модел во фабриката во Таскалуза, за се продажба во САД, Мерцедес има намера ГЛЕ дополнително да го произведува во Кина, најави Калениус.
Европската продукција во моментов има локализација од 80 проценти. Останатите 20 проценти се извезуват во Кина, во САД и ширум светот. Производството во Кина исто така е 80 проценти локално, без возилата оттаму да се извезуваат во Европа или САД, соопшти Калениус.
Според статистиката, околу 13 проценти од извозот на автомобили од Германија заминува за САД, а тоа е повеќе отколку во која било друга земја. Покрај тоа, германската автомобилска индустрија, вклучувајќи ги и добавувачите, вработуваат 138.000 лица во САД.
Трамп на 18-ти февруари соопшти дека има намера да воведе царини за автомобили „во висина од околу 25 проценти“ и слични царини за микрочипови и фармацевтика, откако претходно најави дека оптоварувања за автомобилите ќе стапат на сила веќе на 2-ри април.
Менаџерите предложија Брисел да ги смали царините за увоз на автомобили од САД, од десет на 2,5 проценти, иако постои посебна тарифа за увоз на пикапи во висина од 25 проценти.
















