Колку чинат најскапите опции кај новата Мерцедес-Бенц С-Класа

Мерцедес-Бенц ја удостои обновената С-Класа со настан од светски димензии. Секако постојат бројни причини зошто Штутгарт си ја цени лимузината како „најдобриот автомобил во светот“.

Така изгледа најскапата Мерцедес-Бенц С-Класа, со калахари златна боја, со врвот од пакетите АМГ и со врвните светла

Мерцедес-Бенц не е конфекциска марка, односно како што велат Германците, не е „фон дер Штанге“, не е од закачалка. Тоа што отсекогаш им давало посебност на лимузините и сите останати видови каросерии од Штутгарт е дополнителната опрема. Некогаш се доплаќаше за десен ретровизор или соборување на потпирачите за глава назад, денес се активно подвозје или задни седишта што се претвораат во сала за состаноци, со камери, интернет, говорни команди за мутлимедијата. Кои се 12-те најскапи опции што може да се нарачаат кај неодамна пуштеното ново годиште на „Зондеркласе“, на посебната класа?

Цените што се наведени понатаму се преземени од германскиот конфигуратор за Мерцедес-Бенц и важат исклучиво за германскиот пазар. Како основа за конфигурација е земена моделската изведба С 350 д 4Матик. Кај останатите моторизации или комбинации од опрема, може да постои разлика во споредба со тука наведените цени.

Изборот почнува уште од погонот. Од најдостапната погонска изведба на лимузината, С 350 д 4Матик, до најпрестижната верзија С 580 е 4Матик со Технологија ЕКУ, има разлика од 27.453,30 евра според германскиот ценовник. Толку чини доплатата од дизел со 336 КС до приклучен хибрид со 612 КС. Тоа е воедно најскапата опција. Но, и останатите ставки на заостануваат многу. Во продолжение следат 12-те највредни доплати, кај основниот модел С 350 д 4Матик. Дел од следните ставки обично чинат незначително помалку кај најсуилните моделски изведби во понудата на С-Класа.

Премиум пакет со дигитални опции за 14.645,33 евра

Најскапа доплата од списокот на дополнителна опрема и посебни желби за клиентите на новата Мерцедес-Бенц С-Класа е Премиум-пакетот со дигитални опции. Во овој пакет се опфатени сите ставки во Адвансд Плус-нивото, плус активни мултиконтурни седишта напред со масажа, проекциски дисплеј со виртуелна реалност и тридимензионален приказ, но и стакла што се заштитени од пробивање, со топлинска и звучна изолација.

Тоа што исто така се презема од Адвансд Плус-пакетот е напредно осветлување во кабината, пристап без клуч (преку телефонот) и вовлечени рачки во вратите, управувана задна оска, електрично местење на задни седишта со меморија, Бурместер аудио систем Три-Д, обвичен проекциски дисплеј, панорамски покрив, парфимирана кабина, пречистување на воздухот и прагови со осветлено име на марката. Во овој пакет веќе се вклучени и некои од одделните ставки што се наведени подолу.

АМГ Линија Плус 10.055,50 евра

Спортски браници и спојлери, поглеми сопирачки дискови, спорски волан со напа кожа, спортски педали, велурни патосници и два посебни профили на осветлување на кабината, сé во знакот на АМГ. Понатаму, ретровизори и рамки на прозорци во сјајна црна боја, додатоци на вратите и рачките во темен хром, исто и за украсниот елемент во задниот браник. Маска во темен хром, издувни завршетоци во сјајна црна боја, тркала АМГ од 20 инчи, управувана задна оска до 10 место 4,5 степени, со гуми 255/40 Р20, напа кожа на седиштата со штепови во сива боја, црни осветлени прагови.

Адвансд Плус-пакет со дигитални опции 9.334,36 евра

Бурместер аудио систем 4Д просторно озвучување 8.002,75 евра

Вкупно 31 звучници, 1.690 вати моќност и 8 ексајтори (да не биде вибратори), од врвното име во германската аудио езотерија Бурместер, со 4Д-ефект. Системот поддржува и Долби Атмос, како на концерт. Се врши и потиснување на звуците што пречат.

Активно подвозје 7.735,00 евра

Електро-хидраулично активно подвозје, со 4 програми, амортизацијата се приспособува за секаква ситуација во возењето, од врвен комфор, до спортска динамика, процесорите обработуваат податоци 1.000 пати во секунда. Каросеријата се спушта при возење на автопат. При опасност од страничен судир, каросеријата се подигнува, за ударот да се пренесе во долниот дел од каросеријата.

Екслузивен пакет за внатрешност 6.842,50 евра

Се состои од седишта обложени со најквалитетна напа кожа и практично секоја површина во кабината е обложена со ексклузивниот материјал, вклучувајќи ја дури касетата пред совозачот. Се препознава по каро-штеповите. Багажникот има хромирана рачка и челична плоча на товарниот раб. Дрвени додатоци од задната страна на седиштата

Ковани тркала од 20 инчи со 10 краци 6.188,00 евра

Со гуми 255/40 Р20 напред и 285/35 Р20 назад, тркала 9Јх20 ЕТ34 и 10Јх20 ЕТ48,1; Со пакетите АМГ се добива пристап до уште поексклузивни изведби на тркала, со доплата од 5.295,50 евра за 21 инчи

Комфор на задни седишта Пакет Плус 5.432,35 евра

Совозачкото седиште се поместува дополнително 37 мм понапред и 40 мм повисоко, за повеќе простор назад, а воедно и потпирачот за грб се исправува и се преклопува потпирачот за глава; Масажа и грејачи; Завеси за заштита од сонце и погледи; Местење на бојата на светлата по желба; „Подавање“ на безбедносниот ремен, којшто воедно се надувува заради поделотворна заштита при судир.

Забавен систем МБУКС од висока класа на задни седишта 4.510,10 евра

Приклучоци ХДМИ, УСБ и блутут за телефон, таблет, лаптоп; Виртуелен асистент МБУКС одговара на говорни команди; Преку Ап-Стор се добива пристап до најразлични апликации, филмови, игри; Вградени камери за деловни состаноци; Безжични слушалки и активно потиснување надворешни звуци.

Мануфактур боја калахари златна металик 4.700,50 евра

Дрвени украсни панели од ореово дрво со отворени пори и вметнати тенки линии од алуминиум 3.808,00 евра

Претходна објаваОткажувањето на плановите за електрични возила го чинеше Стелантис 22 милијарди евра, последица од политиката на Трамп
Следна објаваСузуки најави старт на првата електрична Витара на македонскиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here