Групацијата Мерцедес-Бенц во периодот од април до јуни продаде 547.100 патнички автомобили и ванови, што е за 9 проценти под резултатот за истиот период лани.
Порасна побарувачката за патничките модели на Мерцедес-Бенц, со раст од 26 проценти во САД и 7 проценти во Германија. Минусот во вкупната продажба доаѓа од промените што ги воведе Штутгарт во испораката на возила за плацевите на дилерите во САД и Кина, поради сменетите царински политики во двете земји.
Огранокот за доставни возила Мерцедес-Бенц Ванс продаде 93.400 возила во второто тромесечје и тоа е за 10 проценти повеќе во споредба со лани. Голем раст од 32 проценти е забележан во побарувачката за електричните изведби на Вито и Спринтер (6.900 примероци).
Покрај САД и Германија, во периодот од април до јуни добро се развиваа и пазарите во Турција и Јужна Америка.
Моделите од најскапиот сегмент учестуваат со 14,3 проценти во вкупната продажба. Бројот на испорака на овие модели порасна за 5 проценти и достигна 69.000 возила. Најголем раст во побарувачката има за моделите на Мерцедес-АМГ (+19%) и за Г-Класа (+56%).
Најскапите модели на Мерцедес-Бенц се бараат најмногу во САД, што се огледува и во растот на побарувачката за 15 проценти во директната испорака на возила до клиенти (не вклучувајќи ги испораките во дилерската мрежа).
Како нивен втор најголем пазар, Мерцедес-Бенц ги зголемија инвестициите во САД, вклучувајќи модернизација на салоните во Менхетен. Во Кина, Мерцедес-Бенц и во вториот квартал беше најпродавана марка во врвот на луксузниот сегмент.
ГЛЦ останува најпродаван модел во првото полугодие, со раст од 9 проценти во испораката во вториот квартал. Голема популарност ужива и новиот ЦЛЕ, со раст од 30 проценти во побарувачката во вториот квартал, односно 66 проценти во првото полугодие од 2025 година.

Расте и побарувачката за приклучни хибриди, со 34 проценти во плус во второто тромесечје. Уделот на хибридни и електрични модели во продажбата во Европа во вториот квартал достигна 40 проценти, односно 21 проценти на светско ниво.
Годинава започнува моделската офанзива, со бројни нови модели и технологии. Откако во првото полугодие почна продажбата на новиот ЦЛА во Европа, понатаму ќе следи и негова комерцијализација на останатите пазари, а ќе има и нови моделски изведби. Во септември претстои премиера на електричен ГЛЦ, со којшто Мерцедес-Бенц ќе го зајакне присуство на пазарот на електрични модели.

Добри резултати и за Мерцедес-Бенц Ванс, со раст од 13% во споредба со првиот квартал. Спринтер и Вито уживаат растечки интерес и на приватниот и на деловниот пазар. Испораките на возила за приватни клиенти порасна за 7% во првото полугодие, а за 42% е зголемена и продажбата на електричните ванови.
Во резултатот учествуваат и 5-те илјади електрични ванови за потребите на светскиот гигант Амазон, што е досега најголема нарачка на е-возила.
Во почетокот на следната година се очекува новиот ВЛЕ, со електричен погон, којшто неодамна при интерно тестирање мина близу 1.100 километри со две запирања од по 15 минути за дополнување на батеријата, на пат од Штутгарт до Рим.
















