Градот, поточно подрачјето на градот со име Мерцедес-Бенц Плејсис / Бингати Сити во Дубаи, ќе се состои од низа висококатници, луксузни станови, јавни објекти и иновативни решенија за мобилноста.
Станува збор за втор заеднички проект на Мерцедес-Бенц со Бингати, којшто ќе се реализира во подрачјето Мејдан во Дубаи.
Мерцедес-Бенц Плејсис веќе има реализирано еден проект во Дубаи и комплекс во Мајами, којшто главно содржи објекти од јавен интерес. Во дубајски Мејдан ќе се работи на најголемиот проект досега.
Мерцедес-Бенц и инвеститорот Бингати, со седиште во Дубаи, го најавија својот втор заеднички проект во бизнисот со недвижнини: Мерцедес-Бенц Плејсис / Бингати Сити.
Проектот ќе се изведува во подрачјето Мејдан во Дубаи и опфаќа површина од 836.000 метри квадратни. Концептот на „град во град“ ќе се состои од интегриран урбан екосистем во луксузни станови, со отмен дизајн, напредна мобилност и живеење во заедница.
Со Мерцедес-Бенц Плејсис / Бингати Сити во Дубаи „поставуваме нови мерила: Градиме простор, во којшто нашата марка ќе може да се доживее, но и да стане вистински дом“, порача Матијас Гајсен, член на управниот одбор на Мерцедес-Бенц АГ.

Планот за градот на Мерцедес-Бенц во Дубаи опфаќа луксузни станови, културни и рекреативни центри, булевари со продавници, паркови и зелен простор, центри за мобилност, за здравје и опуштање, спортски терени. Секако нема да недостигаат ресторани, простор за забава и за дружење. Главното е во спојот од архитектура, услуги и мобилност.
Првиот проект на Мерцедес-Бенц Плејсис во Дубаи е 65-катница во јадрото на Дубаи, што веќе е во изградба.
















