Еден од 600 примероци: БМВ М3 од 1990-та оди на наддавање од 190.000 евра нагоре

На првото наддавање на РМ Сотбис в година, што се одржува кон завршетокот на јануари во Париз, за редок примерок од БМВ М3 Спорт Еволушн од 1990-та година се очекува да достигне цена од 190.000 до 240.000 евра.

БМВ М3 Спорт Еволушн од 1990 година; Слика: RM Sotheby's

За БМВ М3 да учествува во германското првенство со туристички возила, прочуениот ДТМ, Дојче Туренваген Мајстершафт, минхенскиот производител мораше според правилата да изработи најмалку 600 примероци во специјална серија, за моделот да се смета како сериски автомобил. Еден од тие модели од специјална серија оди на продажба во Париз, на 28-ми јануари.

Специјалната серија на М3 Спорт Еволушн, што послужи како основа за хомологација на моделот за ДТМ, располага со четирцилиндарец од 2,5-литри со 238 КС. Примерокот што бара нов сопственик, прво бил испорачан на купувач во Италија, за потоа да најде свои заљубеници во Велика Британија и Швајцарија.

Со успесите што ги има постигнато во првенствата во Европа, но и во Австралија, генерацијата Е30 на М3 се вбројува меѓу најценетите туристички автомобили од Група А.

БМВ Моторшпорт постојано го усовршуваше моделот и создаваше специјални серии, како основа за хомологација, што понатаму се пренесуваа во тркачките машини.

Една од најретките и најмоќни, а со тоа и најбарани специјални серии, е токму Спорт Еволушн. Произведени се само 600 примероци, со зафатнина зголемена за 200 сантиметри кубни, на 2,5 литри, и со моќност од 238 КС.

Примерокот на РМ Сотбис е произведен во февруари 1990 и бил испорачан на 25-ти мај. Лакиран е во брилјант црвена боја – една од двете достапни бои – со црн ентериер. Меѓу опциите е клима уредот.

Сегашниот сопственик го купил во 2013 година. Во следните три години, за одржување и сервисирање се грижат специјалистите од Мјуник Леџендс.

Во моментот на внесување во каталогот, километражникот броел 53.118 километри.

РМ Сотбис очекуваат цената да се движи меѓу 190.000 и 240.000 евра.

Претходна објаваМоторот не пали: Што може да се направи?
Следна објаваМерцедес-Бенц стана марка на град во Дубаи

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here