По новиот GLC Coupe следи дотерување на Mercedes-Benz GLA

Целосно сменет дизајн напред и назад, збогатена сериска опременост, сето тоа нормално заокружено со нов систем MBUX – во таа рамка се движат зафатите во новото моделско годиште на Mercedes-Benz GLA. Има новини и во хибридниог погон.

Заоблените ламели што служат како носачи за сребрените точки во маската, најверно го оддаваат новото моделско годиште на Mercedes GLA. Компактниот СУВ во семејството на A-Class сега изгледа поспортски, меѓу другото и благодарение на надолжната ламела во маската. Иста улога имаат и надожните гребени по хаубата, во стилот на историскиот 300 SL и на денешниот AMG SL. Предниот браник е сменет и има добиено оптичка заштита на подвозјето, за да потсети дека тоа сепак е СУВ-модел.

Заедно со предните светла во верзијата LED High Performance, што сега се стандард во гамата, доаѓа и нов светлосен потпис. Истото важи и за задните светла. Во изобилството можности за избор, додадена е спектрално сина боја за каросеријата, како и четири нови дизајни на тркала. Стандард се тркала од 17 инчи со пет двојни краци во сјајна црна боја. Опција се тркала од 18, 19 или 20 инчи.

Двојниот дисплеј во кокпитот става главен печат во внатрешноста. Зафатите во кабината се направени за да се стекне уште поубедлив впечаток за квалитетот. Дигиталните инструменти имаат пречник од 7 инчи, средишниот дисплеј секогаш е со 10,25 инчи пречник. Опција е двата дисплеи да бидат големи и опфатени во една целина долж кокпитот.

Кожа на воланот е стандард, кој има забелешка за тоа може да нарача вештачка кожа Artico. Првпат во изведбата AMG Line се добива и греење на воланот. Вештачка кожа Artico е стандард за седиштата, заедно со платно со впечатлив дезен. Во изведбата Progressive може да се избере внатрешноста да биде во црна, макијато беж или жалфија сива боја. Во AMG Line, пак, комбинацијата од Artico и микрофибер, сега може да биде и во бахија-кафена боја. Уште една нова комбинација е ротон-ред-пепер со црно. Седиштата се обложени со 100% рециклиран материјал.

Значително е збогатена сериската опременост. Покрај кожа на воланот и LED-предни светла, таа опфаќа уште автоматика за долго светло, задна камера и USB-пакет. Доколку се избере изведбата Progressive, дополнително се добиваат паркинг-пакет и собирање на ретровизорите.

Во новиот GLA работи и нова генерација на MBUX, со нова графика на содржините. Може да се избира меѓу класичен, спортски или ненаметлив приказ. За амбиенталното светло стојат на располагање десет бои. Напредокот во MBUX се состои главно во тоа што системот сега уште подобро ги разбира говорните команди.

Мини-игрите постепено ги освојуваат автомобилите. Опција е пакет што содржи едноставни игри, што се развиени точно за прикажување на дисплеите во возилото и за контролирање преку воланот. Додека се чека батеријата да се поднаполни во моделот со приклучен хибриден погон, може да се играат класични игри од типот на Sudoku, Shuffle Puck, Pairs или Match 3.

Збогатена е понудата од електрифицирани погонски единици

Сите бензинци во новиот GLA се електрифицирани. Менувач со двојна спојка, со 7 или 8 степени, стандард е во целата гама. Верзиите со благ хибриден погон располагаат со 48-волтен стартер-генератор со моќност од 10 kW, за помош при забрзување и поаѓање.

Ѕвезда во гамата и натаму е моделот со приклучен хибриден погон, којшто сега располага со зголемена моќност. Батеријата е со поголем капацитет, а електромоторот располага со 80 kW, што е за 5 kW повеќе од порано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mercedes-Benz (@mercedesbenz)

Понудата од погонски изведби за Mercedes-Benz GLA

Бензински мотори:

  • GLA 180, 1,33 литар, 136 КС
  • GLA 200, 1,33 литар, 163 КС
  • GLA 220 4Matic, 2,0 литри, 190 КС
  • GLA  250 4Matic, 2,0 литри, 224 КС

Дизел мотори:

  • GLA 180 d, 2,0 литри, 116 КС
  • GLA 200 d, 2,0 литри, 150 КС
  • GLA 200 d 4Matic, 2,0 литри, 150 КС
  • GLA 220 d 4Matic, 2,0 литри, 190 КС

Приклучен хибрид:

GLA 250 e, 1,33 литар, 163 КС + 109 КС

Дизелот останува во понуда во Mercedes-Benz. Во компактниот СУВ работи дволитарски дизел во три степени на моќност.

За цените на новото моделско годиште на Mercedes-Benz GLA ќе почекаме моделот да пристигне во салонот на Мак Аутостар.

Претходна објаваАвстрија ја подржува забраната за мотори со внатрешно согорување
Следна објаваВиетнам ја заменува Русија како клучен светски пазар за Skoda

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here