Туристички автобуси кои запираат целосно доколку радарите препознаат пешак на патот и градски автобуси кои го алармираат возачот кога има пешак или велосипедист во подрачата што тој не може да ги види. Сето тоа функционира во автобусите нa Mercedes и Setra
Туристичките автобуси на Mercedes и Setra веќе десет години поседуваат автоматски сопирачки Active Brake Assist. Сопирачките во меѓувреме ја достигнаа четвртата генерација и уште в година стануваат дел од стандардната опрема на двете автобуски марки на Daimler. Нова функција е автоматското сопирање при опасност од удар во пешак.
Кај градските автобуси е новитет Preventive Brake Assist, прв активен асистент за сопирање во класата, кој при опасност вклучува звучно предупредување и во исто време активира делумно сопирање. Третиот новитет што го најавуваат Mercedes и Setra е асистенцијата при скршнување Sideguard Assist, прв таков систем во автобус.
Пред десет години, активните сопирачки уште се вградуваа како доплата. Со секоја следна генерација се зголемуваше интензитетот со којшто тие го запираа возилото, за во третата генерација да достигне запирање со полна сила, во случај кога напред има возило што мирува. Дури од 2015 година, овие системи станаа стандард во туристичките автобуси во ЕУ.
Четвртиот еволутивен степен на ABA4 е самостојното запирање при опасност од удар во пешак. Возачот добива повеќе време и простор да го избегне пешакот или да преземе целосно запирање. Техниката се состои од комбинација од долго- и блископодрачен радар.
Од следната година ABA 4 се вградува сериски во Mercedes Tourismo RHD, Setra ComfortClass 500 и TopClass 500: Системот отсега не само што ќе спречува незгоди, туку и ќе спасува животи
Слична функција добиваат и градските автобуси, со системот Preventive Brake Assist. Доколку возачот не реагира на звучните предупредувања, системот автоматски вклучува делумно сопирање, кога постои опасност од удар во пешак, или во возило што се движи или мирува.
Разликата е во тоа што системот е приспособен за градските услови на возење – од тие причини не се применува запирање со полна сила. Покрај тоа, при таков маневар би можеле да се повредат и патниците во автобусот. Превентивните сопирачки се вградуваат како опција во Mercedes Citaro, CapaCity и Conecto.
„Асистентот за скршнување“ e прв од таков вид во градски и туристички автобуси
Скршнувањето во градски сообраќај е една од најмалку пријатните задачи за возачите на автобус. Тие мора да внимаваат на семафорот, на знаците, на возилата отспротива и отстрана, а дополнително и на пешаците и велосипедистите. Опасните ситуации честопати се случуваат поради тоа што пешаците и велосипедистите воопшто не се свесни дека возачот не може да ги забележи во моментот. Поради тоа, асистентот за сопирање кој регистрира луѓе, отсега се нуди како опција во Mercedes и Setra
Системот што се води како Sideguard Assist има повеќе степени на дејство. Возачот добива оптичко предупредување кога во страничното подралје се движи некој објект. Кај туристичките автобуси светнува портикалова диода во десниот ретровизор. Доколку сензорите препознаат опасност од удар, светнува втора диода, во црвена боја. Допонително се создаваат вибрации во возачкото седиште.
Основа на системот е блископодрачни радарски сензори, кои се сокриени зад предното десно тркало. Сензорите го покриваат страничното подрачје со ширина од 3,75 метри. Кај градските автобуси, Sideguard Assist ја покрива целата должина на возилото, плус две ленти од по два метра пред и зад автобусот. Кај патничките автобуси, освен целата должина на возилото се покрива и подрачјето до пет метри пред и до 15 метри зад возилото. Подрачјето на покривање се менува зависно од брзината на возење.
Двата система имаа светска премиера во двокатниот автобус Setra S 531 DT во 2017 година. Истите сега се нудат и во останатите моделски серии на двете марки на Daimler.