Три нови модели на часовници ќе ги усреќат сопствениците на АМГ што ќе можат да си понесат дел од марката кога ќе излезат од својот автомобил. За намерниците по АМГ, часовниците веројатно носат и среќа.
Тоа што ги одликува автомобилите на спортската марка на Мерцедес-Бенц се врвни перформанси, квалитетна изработка и најнапредна технологија. Мерцедес-АМГ се повика на овие својства кога ги избираше трите нови часовници за да им ги понуди на своите клиенти и на љубителите на автомобилизмот.
Меѓу трите часовници се издвојува ексклузивниот Аутоматик-Хронограф, како механички часовник, додека останатите два модели користат кварцна технологија. Мерцедес-АМГ рекламира дека марката значи „првокласна моќност, неспоредлива возна динамика и впечатлив надворешен излед“ и дека овие својства сега се пренесуваат од патиштата на разчниот зглоб.
Сите три часовници, Бизнис Аутоматик-Хронограф, Есеншлс Хронограф и обичниот Есеншлс се изработени во Швајцарија и тоа гарантира највисока прецизност и детална изработка.
Најскапиот часовник АМГ Бизнис Аутоматик-Хронограф користи швајцарски автоматски калибар СВ500 од Селита. Механизмот со „генфер штрајфен“, односно со испис што е својствен за швајцарските скапи часовници, видлив е низ дното на часовникот од сафирно стакло.

Енергијата ја произведува ротор во црна боја со лого АМГ. Со 28.800 полуосцилации на час, механизмот работи неосетно. Куќиштето е повеќеделно и израбoтено од благороден челик со ПВД-облога (боја испарува и се таложи), со оски изработен од титаниумска легура заради ниска тежина. Ременот исто така е од титан.
Бројченикот се состои од повеќе слоеви, стрелките се фосфоресцентни, а сафирното стакло од двете страни е заштитено од одблесок. Сјајното лого на АМГ и црвените кружници го заокружуваат изгледот.
Часовникот има пречник од 43,5 милиметри, дебел е 15 милиметри и изджува притисок до 5 атмосфери под вода.
Во онлајн-продавницата на Мерцедес-Бенц, овој часовник стои со редовна цена од 2.500 евра.

Останатите два часовници се поедноставни, главно поради кварцниот механизам, од швајцарска Ронда. Материјалите и тука се издвојуваат со квалитетот. Редовната цена им е 750 евра (Есеншлс) и 795 евра (Хронограф Есеншлс).

















