за

Студиите покажаа: Mercedes е најиновативна премиум марка

Mercedes A-Class премиера Македонија 6

Германските марки го задржаа водството во светски рамки во поглед на иновативноста. По триото Mercedes, BMW и Audi, следат Tesla и Volvo. Тоа се резултатите од најновата студија на Центарот за автомобилски менаџмент во Германија. Во студијата беа анализирани иновациите поврзани со автомобилската техника кај 31 премиум марки.

Како основа за споредбата се користеа повеќе од 1.100 новитети што биле воведени во сериските автомобили во периодот меѓу 2016 и 2019 година. Иновациите се оценувани според квантитетот и квалитетот, со исклучок на новитетите во подрачјето на обичните мотори, поради последиците од дизел-скандалот.

Студијата покажа дека Mercedes е најиновативна премиум марка, со близу 180 новитети во сериските автомобили, пред Audi и BMW. Според експертите, преголема е разликата во степенот на иновативноста меѓу лидерот Mercedes со 390 бодови и второпласираната марка Audi, со 252 бодови. Тоа се должи на големиот број на светски иновации кај Mercedes, кои се посебно ценети.

Бројот на иновации што пристигаат во сериските автомобили е многу поголем од обемот што производителите можат да го споделат во јавноста

Меѓу овие иновации спаѓаат, на пример, системот што преку мобилна апликација пријавува оштетување на паркирано возило, системот за ракување MBUX во A-Class, системот за енергизирање во GLE, иновациите во подрачјето на аеродинамиката кај CLA и други. Кај Mercedes се регистрирани вкупно 77 светски новитети. Audi е на второто место со 42 новитети, трет е BMW со 36 иновации. Tesla заостанува значително со 23 иновации на светско ниво, меѓутоа дел од нив се новитети во подрачјето на електричниот погон, коишто се рангирани високо. Овие иновации меѓу другото овозможуваат Tesla Model S да биде лимузина со најголем досег, односно Model X да предводи во тој поглед во категоријата на СУВ-возила.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Германските премиум производители и натаму се водечки во светски рамки во поглед на значењето, тежината на иновациите, исто како и претходно, во периодот од 2013 до 2015 година. Mercedes останува во убедлива предност, додека во средината на ранг-листата има само малку промени. Volvo, Land Rover, Jaguar и Porsche ги задржале своите позиции.

Премиум марката на Toyota, Lexus, постигнала голем напредок. Голема заслуга за тоа имаат првите дигитални ретровизори во Lexus ES или навигацискиот систем што го конфигурира погонот според податоците за патот, со цел да се постигне уште поголема заштеда во гориво. Луксузните марки Bentley и Rolls-Royce исто така профитираат како дел од големите концерни Volkswagen и BMW.

Пласман на најиновативните премиум марки во изминатите четири години во споредба со пласманот во 2013-2015

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во Топ 15 на најиновативните марки има две нови имиња: Nio, како дел од Next EV и кинескиот Wey, кој е дел од Great Wall. Тоа се први чисто кинески марки (покрај Volvo, кој припаѓа во кинески концерн) што се приближуле до западните премиум марки. Иако е основана во 2017 година, марката Nio досега има претставено два светски новитети, со концептот на замена на батерии и со дигиталниот асистент Nomi.

Sprinter излегува од фабрика на Mercedes возејќи на струја

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

e.go life електричен автомобил

Стартап-компанијата e.go Mobile го произведе 500-от електричен автомобил

Volvo ги носи возилата на своите клиенти на перење

Volvo ги носи возилата на своите клиенти на перење