за

Стартап-компанијата e.go Mobile го произведе 500-от електричен автомобил

e.go life електричен автомобил
e.go life електричен автомобил

Малечката компанија основана од германскиот универзитетски професор Гунтер Шу успешно го спроведува ветеното и во серија произведува едни од најевтините електрични автомобили на европскиот пазар. E.Go Mobile штотуку го произведе 500-от автомобил.

Името на компанијата e.Go Mobile е добро познато на сцената на електричните автомобили. Тоа воедно се поврзува со уште едно познато име, а тоа сe електричните возила StreetScooter, кои во меѓувреме масовно се користат од страна на Германската Пошта. Откако тимот околу професор Шу од Техничкиот Универзитет во Ахен ја продаде компанијата StreetScooter GmbH на Германската Пошта, работата продолжи на малечок електричен автомобил, со иновативна организација на производството, а со цел да се понуди еден од најевтините автомобили на струја на пазарот.

Така во 2014 година беше основана компанијата e.Go Mobile AG, којашто годинава, на само неколку денови пред католичкиот Божик и по околу половина година од стартот, го произведе својот 500-ти автомобил во германскиот Ахен. Во меѓувреме беа постигнати подвизи во реализацијата на иновативната технологија на производство, којашто кусо се води како Индустрија 4.0 и во основа претстсавува максимален степен на дигитализација на производстениот процес.

Малечкиот автомобил e.Go Mobile Life ќе се произведува во три варијанти. Најдостапната е Life 20 со цена од 17.900 евра во Германија, со ДДВ. Средината ја сочинува Life 40 за 20.600 евра, со батерија од 23,5 kWh и со почеток на испорака од март 2020, додека најскапата верзија Life 60 чини 21.900 евра. Компанијата ќе ја заврши годинава со продукција од 600 возила, а за следната останува прво да се произведат нарачаните 400 возила. За електричните возила од Ахен досега се имаат регистрирано 3.100 потенцијални клиенти.

Со германските субвенции од 6.000 евра, цената на e.Go Mobile се сведува на обичен градски автомобил

Сега следи и сензацијата. Во Германија, субвенцијата за електрични автомобили изнесува 6.000 евра, односно и повеќе од тоа, бидејќи и ДДВ на крајот се плаќа за субвенционираната цена на возилото. Тоа значи дека најскапата изведба e.Go Mobile Life 60, место за 21.900 евра, излегува „од салон“ по цена од околу 14.750 евра.

Технички податоци · e.Go Mobile Life 60

Моќност (трајна/максимална) 29 kW/57 kW

Крајна брзина 130 km/h

Забрзување 0-50 km/h за 4,7 ѕ

Батерија литиум-јон 21,5 kWh

Досег, просек 139 km

Досег, град 206 km

Време на полнење 0-95% на полнач Typ 2, 1-фазен: 6 часови

Празно возило 1.231 kg

Носивост 259 kg

Димензии 3345 х 1747 х 1588 mm

Меѓуоскино растојание 2200 mm

Круг на вртење 9,9 m

Сериска опременост и други детали за возилото

Пластична надворешна школка

Прозорци без рамка

Челични бандажи со гуми 195/65 R15

Соборување на совозачко седиште за превоз на долги предмети

Волан со висинско и длабинско местење

Погонска спрега Bosch

Мекферсон напред, Де Дион оска назад

АВЅ

Контрола на стабилност ЕЅР

4 воздушни перници

изофикс држачи за детско седиште

Контрола на притисок во гуми

Сензор за дожд

Автоматски светла

Помош при поаѓање на нагорнина

Електрика и греење на ретровизори

Електрично греење на кабина

Електрика на прозорци

Електрично сервоуправување

Централна брава со далечинска команда

ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА

Металик лак 500 евра

Бандажи од 17 инчи 700 евра

Паркинг сензори, греење на седишта, платнени патосници 990 евра

Автоматски клима уред 1700 евра

Навигација 1200 евра

Диодни светла 650 евра

Домашен полнач за струја 549 евра

Врска до веб-страницата на производителот

https://www.e-go-mobile.com/en/

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Еден коментар

Одговори

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Yaris

Нема повеќе виц во овој Toyota Yaris

Mercedes A-Class премиера Македонија 6

Студиите покажаа: Mercedes е најиновативна премиум марка