Акира Марумото ќе стане нов шеф на јапонската марка Mazda. Тој ќе ја преземе новата функција на 26-ти јуни, кога марката ја одржува годишната конференција. Актуелниот извршен директор Масамичи Когаи ќе продолжи да членува во главниот одбор. На местото на Марумото, како нов шеф за Америка пристига Кијоши Фуџивара.
Развојот на нови технологии и модели во Mazda се одвива во заедничката насока за целата бранша, односно се работи на електричен погон, на автономно возење и обезбедување нови услуги преку вмрежување на возилата. Mazda не постигнува толкава масовност во продажбата, како Toyota или Volkswagen, но токму во тоа отсекогаш лежел шармот на малата и добра јапонска марка.
В година пристигаат новата Mazda 3 и првиот модел со електричен погон
Бидејќи Mazda не му припаѓа на ниту еден концерн, за развој на нови технологии сепак е потребен партнер. Когаи-сан во минатите пет години оствари неколку соработки. Во меѓувреме е најавен и првиот модел со електричен погон, чијшто пазарен старт треба да се случи веќе в година. Тогаш пристига и следниот голем новитет, новата генерација на Mazda 3.
Моторите Skyactive важат за штедливи, а во мошне скоро време ќе започне и вградувањето на иновативниот „диз-ото“ мотор, односно бензински мотор, којшто во одредени услови на работа ја пали смешата под дејство на компресија, како дизел-мотор. Во комбинација на лесна и култивирана работа на бензинец, со штедливост и моќно повлекување на дизел, јапонската марка им даде нова шанса на моторите со внатрешно согорување. Сепак треба да се има предвид дека моторите се слабост на Mazda, последната марка што вградуваше ванкел мотор во своите модели.
На иста платформа ќе се развиваат модели со обичен и електричен погон
Со Mazda 3 пристига и комплетно новата платформа, којашто во иднина ќе ја користи речиси целото моделско семејство, од Mazda 2 до CX-9. Тоа ќе обезбеди голема заштеда во трошоците за развој и производство. Истата платформа дозволува и изведување на варијанти со електрифицирана погонска спрега, односно плагин-хибриди и „батериски“ модели.
Планот е производството на Mazda да достигне два милиони возила до 2024 година. Лани беа произведени 1,6 милион автомобили. Најголеми пазари се Кина и САД. Mazda е меѓу јапонските марки што извезуваат најголем дел од својата продукција во матичните фабрики во Јапонија. Дури четири петини од прометот се остваруваат на извозните пазари.
Новата Mazda 3 ќе биде многу слична co Kai Concept
Mazda Vision Coupe е концептен автомобил на годината
CX-5 ѝ донесе рекордна продажба на Mazda
Mazda Kai ја најавува новата тројка за 2019 година
Mazda MX-5 RF: Ниту родстер, ниту купе, туку тарга