Салонот на Maserati во Дубаи е убавина за очи и душа

Салонот на Maserati во Дубаи е убавина за очи и душа
Салонот на Maserati во Дубаи е убавина за очи и душа

Тоа е сосем нормално, дека новиот салон за Maserati во Дубаи е најголем салон за италијанската марка во светот. Објектот на Ал Тајер Моторс има пет катови, кафе-бар како во Италија и воедно почитува врвни стандарди за одржливост на животната средина.

Maserati отвори нов салон во Дубаи, со најголема изложбена површина за моделите на италијанската марка во светски рамки. Со површина од 3.644 метри квадратни, објектот на Ал Тајер Моторс е изграден според последните стандарди на Maserati и четирипати е поголем од претходниот салон. Посебен нагласок е ставен на луксузната и гостопримлива атмосфера.

Објектот е на пет катови, со два ката за подземни гаражи и со посебен простор за предавање на возилата. Изведен е посебен простор за клиенти, со италијански кафе бар и со можност спокојно да се избере боја на кожа, на дрво и други дизајнерски мајстории што можат да ги изведат во марката под знакот на тризабецот на Нептун.

https://photos.app.goo.gl/eoZZtR71bBDKqew97

Првиот кат е посветен за користени возила со печат за техничка исправност од Maserati. Секој автомобил се проверува во 121 точки, се дотерува лакот и добива целосен сервис пред испораката.

Целиот објект е осветлен со диодна техника, а посебни сензори за движење помагаат да се намали потрошувачката на енергија и светлата да се исклучат кога некоја просторија е празна. Врвна изолација се подразбира, исто како и најефикасна техника за климатизација.

https://photos.app.goo.gl/12QoPyYE4b4kw8wt8

Работното време е посебност на Дубаи. Салонот на Ал Тајер Моторс работи од 8 до 20 часот од сабота до четврток. Во петок, работното време е од 16 до 20 часот.

https://www.instagram.com/p/B47g2rDJlao/

Levante со мотор V8 од Ferrari стана најсилен Maserati во историјата

Претходна објаваScania исто има своја S-Class, но со сменет редослед
Следна објаваСтари батерии на Renault служат во електричен глисер во Париз

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here