за

Scania исто има своја S-Class, но со сменет редослед

scania 730s
scania 730s

Врвната моделска серија на Scania се води под буквата S, исто како и знаменосецот на Mercedes. Шведските камиони досега се означуваа со буквата S на почетокот и бројот на коњски сили во продолжение. Отсега, овој редослед се менува, односно прво ќе се наведува бројот на коњски сили, а по него буквата S, на пример 450 S или 730 S.

Новата ознака на традиционалниот производител на камиони од Шведска ќе се користи само за изведбите S на возачката кабина. Причина за менувањето на ознаката е договорот со Daimler, кој буквата S веќе долго време ја користи како типска ознака за моделите од S-Class. Наспроти тоа, Scania почна да го користи новото означување, со серијата на возачката кабина на прво место и со моќноста на моторот во продолжение, откако во 2004 година ги лансираше сериите PGR.

Новата ознака со бројот на коњски сили и буквата S по него ќе се користи кај сите камиони што се веќе нарачани. Типските ознаки на останатите моделски серии не се менуваат.

Mercedes Actros со титула на најдобар камион во светот

View this post on Instagram

December is here! Are you ready for the winter?

A post shared by Scania Group (@scaniagroup) on

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lexus UX 250h

Хибридите најпродавани алтернативци, трипати повеќе од плагин-хибридите

Салонот на Maserati во Дубаи е убавина за очи и душа

Салонот на Maserati во Дубаи е убавина за очи и душа