Мартин и Стефан од Некст Тајм бренд амбасадори на Renault

За важната улога за промовирање на хибридниот погон на Renault, Мартин Филиповски од Некст Тајм изјави дека „Новиот Renault Austral нé освои со неговата целосна убавина, комфор и прилично добра економичност. Ние како артисти сме изложени на многу патувања и настапи и потребно беше да имаме возило што ги исполнува сите услови кој ги бара едно патување. Надворешниот дизајн на Austral според нас е донесен до перфекција како и ентериерот кој е доведен до совршенство.“

За природата на работата на популарното македонско дуо е посебно важна и навигацијата, којашто им е од голема помош при патувањата. Тоа е воедно и посебноста во кокпитот на Renault Austral, големиот дисплеј што е поставен исправено и којшто нуди и одлична прегледност и лесно ракување.

„Задоволство е да се соработува со компанијата Аутомотив Груп како генерален импортер на брендот”, додава Мартин Филиповски.

Renault започна амбициозна трансформација која генерира вредност преку електрификацијата на својата палета на производи.

За моментно главниот носител на настапот на марката Renault на македонскиот пазар и за промените што веќе се случуваат во марката, од Аутомотив Груп ги наведуваат главните обележја на својот Austral

  • Преку неговиот дизајн, приспособувањето на моторот и другите карактеристики, целосно новиот Austral ги истакнува силните страни на Renault во производството и технологијата:
  • 100% Хибрид без потреба од полнач на струја;
  • Силуетата на целосно новиот Austral е видливо атлетска – спортска во верзијата „Esprit Alpine“;
  • Првиот модел во гамата на Renault што ги користи сите предности на новата CMF-CD платформа на Алијансата;
  • Мултимедијален систем OPENR – 774 cm2 интуитивна технологија;
  • Врвен звук Harman Kardon – технологија со опкружувачки звук со 12 звучници;
  • Клиентите можат да изберат од новиот E-TECH Hybrid мотор (до 200 КС), нов 48 V Mild Hybrid Advanced мотор (130 КС) или 12 V благ хибриден мотор (140 КС или 160 КС). Сите овие опции доаѓаат со технологија за електрификација и еколошки карактеристики дизајнирани за максимална енергетска ефикасност, комбинирајќи уживање во возењето со намалена потрошувачка и емисија на CO₂;
  • Напредна технологија 4CONTROL Advanced;
  • Инкорпорира 32 напредни системи за помош на возачот (ADAS).
  • Стратегијата на брендот како и интегритетот и стандардите кон кои стреми бендот Next Time комплетно соодетствува со целосно новиот Austral – SUV кој одговара на постојано растечката побарувачка за патување без ограничувања, истовремено заштитувајќи ја животната средина.
  • Моделот Austral e веќе изложен во салонот на Renault со промотивна цена од 29.450 евра и е достапен за тест возење.

До сите детали за моделот може да се пристапи преку линкот: https://www.renault.mk/cars/austral-hhn-ph1-en/pocetna.html

Видеото од тестот на Renault Austral

Претходна објаваOpel Experimental како најава за новата генерација модели, прв со новиот „блиц“
Следна објаваVolkswagen го откри новиот T-Cross

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here