Седма година во низа, хибридни и електрични модели на Lexus ги возат ѕвездите од филмското платно до црвениот тепих, на отворањето на фестивалот на филмот во Венеција.
Додека автомобилите на филмското платно може да се превртуваат и да се палат, да удираат во сé наоколу додека филмските херои спасуваат глава од злобниците што ги гонат, за престижниот настан од светот на филмот, за фестивалот во Венеција, се бара нешто поотмено и посигурно. Точно Lexus.
Lexus го фати гламурот од рефлекторите кон црвениот тепих, за време на отворањето на 80-то издание на интернационалниот филмски вестивал Ла Биенале ди Венеција.
Како официјален автомобил на фестивалот, седма година во низа, Lexus обезбеди возен парк од хибридни и електрични автомобили, за режисерите и продуцентите, актерите и џет сетот да пристигнат во луксузен автомобил до Лидо, каде што фестивалот на филмот се одржува до 9-ти септември.
Овој важен настан од светот на филмот послужи и како бина за прво поголемо појавување на најновиот Lexus, урбаниот СУВ-модел LBX. Луксузната сестра на Toyota Yaris Cross, ќе се појави во салоните подоцна годинава.
View this post on Instagram
Честа да го отвори фестивалот ја имаше филмот Команданте на режисерот Едоардо Де Анџелис, со Пјерфранчиско Фавини во главна улога. Тие пристигнаа на црвениот тепих заедно со актерката Катерина Мурино (Casino Royale), „кума“ на годинешниот фестивал, и со режисерката Алис Диоп (St Omer), претседателка на жирито на наградата Луиџи Де Лаурентис.
[the_ad id=”73735″]
Паоло Морони, директор на Lexus Italy, кажа по овој повод: „Целта ни е секоја година да покажеме и да кажеме нешто ново и исклучително во прекрасната средина на фестивалот. Годинава е несомнено дека ѕвезда е новиот Lexus LBX. Почестени сме да го претставиме овој исклучителен СУВ, што ветуваме дека ќе придонесе за црвениот тепих да стане уште поисклучителен.“
















