за

Lexus четврта година е „Најдобар производител“ за британските возачи

Lexus четврта година е „Најдобар производител“ за британските возачи
Lexus четврта година е „Најдобар производител“ за британските возачи

Британските возачки и возачи не се двоумат многу кога треба да се гласа за најдобриот производител во изборот на магазинот Auto Express. Четири години наназад Lexus ја понесува престижната титула

Премиум марката Lexus доби најмногу гласови во анкетата за задоволството од изборот на модел меѓу илјадници возачки и возачи во Велика Британија, кои купиле автомобил лани. Во конкуренција од 30 марки, сопствениците гласаа по категории и на Lexus му дадоа најдобри оцени за моторот и менувачот, за дизајнот на каросеријата, за издржливоста и квалитетната изработка. Престижната марка на Toyota е второпласирана во категориите за безбедност и ентериер, а трета е според возните својства и комфорот.

Некои модели од понудата на Lexus се издвојуваат, на пример, RX освои награда за најдобар самополначки хибрид и беше трет најдобро пласиран модел во целиот избор. IS убеди како најдобар премиум модел во средната класа, додека CT го заврши изборот како најдобар семеен компакт од премиум марка.

Јуан Шеперд, директор на Lexus во В. Британија: „Сите во Lexus сме многу горди на постојаноста во резултатите на нашата марка во овој избор. Најважните судии за нашите автомобили се луѓето кои ги поседуваат.“

Најдобри производители на автомобили според Auto Express

1

Lexus

90.85%

2

Kia

90.84%

3

Subaru

90.60%

4

Mazda

90.51%

5

Skoda

90.26%

6

Toyota

90.09%

7

Honda

89.95%

8

Peugeot

89.87%

9

Alfa Romeo

89.84%

10

Volvo

89.55%

11

Nissan

89.23%

12

Jaguar

89.00%

13

Hyundai

88.77%

14

SEAT

88.77%

15

Renault

88.76%

16

Mitsubishi

88.68%

17

Suzuki

88.59%

18

Citroën

88.53%

19

Volkswagen

88.50%

20

MG

88.46%

21

Audi

88.46%

22

DS

88.45%

23

Fiat

88.37%

24

Ford

88.35%

25

Land Rover

88.18%

26

MINI

88.18%

27

BMW

88.04%

28

Mercedes-Benz

87.97%

29

Vauxhall

87.58%

30

Dacia

85.78%

Ја прочитавте нашата репортажа со Lexus RX450h?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Премиум марките први си го вратија пазарот во Кина

Премиум марките први си го вратија пазарот во Кина

На овие пет олд- и јангтајмери на Skoda ќе им расте вредноста

На овие пет олдтајмери и јангтајмери на Skoda ќе им расте вредноста