за

Lancia Stratos што светот ја познава како „Кочија на боговите“

Lancia Stratos Marku Alen Ignition Festival

Не постои вистински љубител на релито што не ја прославува Lancia Stratos како еден од најголемите идоли во мотоспортот. Но, еден човек е најдобар во тоа. „Богот на релито“, Марку Ален. Финската легенда, победник на 19 светски релија, во неговите најславни времиња седеше зад воланот на овој тркач со мотор од Ferrari Dino.

Lancia Stratos се појави во 1970-те години, со дизајн од Бертоне, развиена првенствено со една цел. Италијанците го изработија првиот автомобил конструиран строго за рели. Успехот не изостана, Lancia победуваше по ред од 1974 до 1976 година.

На мајчиниот концерн Fiat сепак не му се брзаше да ја смести својата тркачка ѕвезда зад воланот на скапоцениот и лимитиран Stratos. Од рели-легендата се изработија само 500 примероци.

Марку Ален три години чекаше да седне зад воланот на Lancia Stratos

Ален стана фабрички возач на Fiat во 1975 година, но дури три години подоцна ја доби честа да го вози Stratos. Дотогаш, Финецот во Fiat 131 Abarth веќе ја имаше обезбедено титулата во возачкиот куп на FIA, претходникот на светскиот шампионат во рели. Тоа годеше на продажбата, затоа што тркачкиот „131“ го креваше имиџот на стандардниот модел.

Lancia-Stratos-1981-RAC-Markky-Alen

Уште од првото седнување во Lancia Stratos, Ален триумфираше на релито Сан Ремо, победувајќи ги италијанските рели-ѕвезди на домашен терен. Спектакуларното купе со средишно вграден мотор се искачи на пиедесталот.

Марку Ален се присеќа на тие времиња: „За мене беше како дете да седне во формула 1. Постојано молев да го возам, но одговорот секогаш беше истиот. ‘131 е за тебе’. Кога конечно го добив автомобилот, се уверив колку е лесен за возење, особено на асфалт. Како ноќ и ден.“ Единствениот проблем за Финецот беше неговата висина. „Постојано ја удирав главата. А, во магла и на дожд не се гледа добро,“ се присетува Ален.

Во времето кога Марку Ален го постигна триумфот со Stratos, Италијанците веќе работеа на Lancia 037

Триумфот на Stratos дојде предоцна. Италијанците веќе работеа на наследникот, на легендарната Lancia 037, рели-монструм од групата Б. Ален, инаку, го освои шампионатот и со овој автомобил. Во 1981 година, Stratos повеќе не можеше да му се спротивстави на новиот владетел, Audi quattro.

Lancia Stratos – Markku Alen debuted this car at the Rally Sanremo in 1978, winning his third rally of the season. See him drive it again on the IGNITION street circuit.

Posted by Ignition Festival of Motoring on Friday, June 16, 2017

По повеќе од четири децении, Марку Ален се враќа со Lancia Stratos, заедно со уште четворица „Богови на релито“. На фестивалот на мотоспортот „Игнишн“ во Шкотска, Ален во првиот викенд во август ќе се појави со еден од оригиналните тркачки автомобили. Овој историски примерок неодамна беше пребојадисан во оригиналната светло сина боја од времето.

Петте легенди од најлудите времиња во релиспортот ќе се соочат повторно во Шкотска

Петмината рели-џинови, Ален заедно со Мики Биасион, Стиг Бломквист, Тимо Салонен и Ари Ватанен, повторно ќе седнат зад воланот на автомобилите што ја создаваа историјата на релито. Ален во Stratos, Биасион во Lancia Integrale и Ватанен во Escort RS1800RS. Уште не се потврдени автомобилите што ќе ги возат Бломквист и Салонен. Овој историски собир нема да мине како обична парада, туку како вистинска трка, на специјално изведена патека.

Фестивалот „Игнишн“ се одржа премиерно лани, кога пристигнаа над 27.000 посетители. За годинава има уште повеќе атракции за публиката: 70 години на Ferrari, 60 години од победата на Екури Екос на 24 часа Леман, мото-каскадери, ексклузивни примероци од Lamborghini, Porsche, McLaren и Mercedes. Следи и спектакл на легендарниот шкотски каскадер Кевин Кармајкл, а на барање на публиката и повторно појавување на „џапспид-дрифтерите“.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

пијани на велосипед

За пијани на велосипед: 4000 евра во Британија, затвор во Полска

Aston Martin Red Bull Soapbox Race

Aston Martin со специјална верзија на победничкиот V8 Vantage GTE