Lamborghini со благослов од Папата Францис оди на наддавање

lamborghini huracan, Папа Францис

Папата Францис доби уникатен примерок на Huracan како подарок од Lamborghini. Суперспортскиот автомобил во боите на ватиканското знаме и со потпис на католичкиот поглавар ќе се понуди на наддавање, средствата од продажбата ќе бидат префрлени во проекти во Ирак и Африка.

Lamborghini изработи уникатен примерок од Huracan RWD за Ватикан. Папата Францис денес и официјално го благослови скапоцениот автомобил, ставајќи го својот потпис на каросеријата во бела и златна боја. Наддавањето во организација на Сотби е закажано за 12-ти мај 2018 година, средствата од продажбата ќе бидат пренасочени во три проекти.

Првиот проект е реконструкција на Ниневиската Рамнина во Ирак, што има за цел да овозможи враќање на христијанската заедница во овој историски важен регион, преку обновување на нивните домови, јавни установи и верски објекти. Дел од средствата ќе добијат и Заедницата на Папата Јован 23-ти, којашто им помага на жените жртви на трговија со бело робје, како и две италијански здруженија коишто им помагаат на злоставувани жени и деца во Африка.

Двајца врвни мајстори на Lamborghini Ad Personam работеа на уникатот за Ватикан

Lamborghini Huracan RWD е изработен во одделот за специјални нарачки Ad Personam на спортската марка од Сант Агата. Белата боја на каросеријата и деталите во тибериско-жолта боја го симболизираат знамето на Ватикан.

Претходна објаваТука созрева родстер изведбата на BMW i8
Следна објаваСедумсед од Lexus пристига на салонот во Лос Анџелес

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here