за

Седумсед од Lexus пристига на салонот во Лос Анџелес

lexus rx 450hL

На салонот во Лос Анџелес на крајот на ноември ќе биде претставена продолжената каросериска изведба на Lexus RX. Пазарот ги сака овие изведби во коишто со мала доплата над стандардниот модел се добива екстра простор.

Најпродаваниот модел со хибриден погон на Lexus отсега станува и (трет по GX и LX) најпросторен модел на престижната марка на Toyota. На салонот во Лос Анџелес, кој започнува на 29-ти ноември, Lexus ќе го претстави RX L, како каросериска верзија со продолжено меѓуоскино растојание.

Овие моделски изведби добиваат сé поголема популарност во САД и Кина. Повеќе производители веќе нудат седумседи изведени од стандардните моделски верзии. Најголемиот поттик за трендот пристига од Кина, кадешто овие изведби уживаат огромна популарност.

Lexus RX L ќе ја задржи препознатливата линија на „пливачкиот покрив“, со којашто големиот теренец се издвојува во уличната слика. На северноамериканскиот пазар ќе бидат достапни две погонски изведби, стандардната RX 350L со 3,5-литарски V6 и хибридната RX 450hL, дополнително со два електромотора и системска моќност од 313 КС.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

lamborghini huracan, Папа Францис

Lamborghini со благослов од Папата Францис оди на наддавање

германија аерозагаденост, загадувањето од возилата

ЕУ ја тужи Германија поради загадениот воздух