за

Каросерии на Lamborghini патуваат два дена со воз до Модена

Lamborghini се префрлува на „зелена“ логистика. Со транспортот на каросериите на Urus со воз се намалува емисијата на СО2 за 85 проценти.

Automobili Lamborghini почнувајќи од месецов ќе ги превезува готовите каросерии за супер-СУВ моделот Urus од фабриката во Цвикау, Германија со воз. Целта е транспортот со воз да се искористи за намалување на штетната емисија.

Место со патен транспорт, каросериите на Lamborghini Urus отсега ќе се превезуваат исклучиво со железница до Модена. Со тоа ќе се намали емисијата на СО2 на неделниот транспорт за 85%, односно од 2.234 тони на само 331 тони на годишно ниво. Во исто време се постигнува и рекордно кусо време на транспорт на каросериите од само 48 часови.

Станува збор за транспорт долг околу 1.000 километри, на релација од фабриката на Volkswagen во Цвикау, до железничкиот транспортен терминал во Модена, а потоа до матичните производствени погони на Lamborghini во Сант Агата. Преостанатите 21 километри од Модена до фабриката ќе се вршат со камиони со погон на течен метан (LNG).

Со овој чекор, Lamborghini пристапува кон остварување на глобалната програма „Direzione Cor Tauri“, којашто ќе води до целосно префрлување на хибриден погон до 2024 година и комплетно електричен нов модел во втората половина од деценијата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Недостигот од чипови ја скуси продукцијата за 3,6 милиони автомобили

Камперите на Fiat на мета на судовите поради дизел-скандалот