За некои луѓе постои праг на толеранција и во тоа што се нарекува урбанизација. Кога живеењето во заедничка средина ќе го надмине прагот на подносливост, луѓето сакаат да побегнат од неа. Куќички на тркала се добар темел за фантазирање
Мала куќа што може да се закачи на влечна кука и кога ќе се посака да се извлече од урбаниот хаос. Иста како оние куќички на тркала во коишто обично живеат одметници во холивудските филмови. Да се стане одметник од средината во којашто повеќе не решаваат хуманите норми, туку сé се продава и купува.
Идејата за овие домови на тркала потекнува точно од САД и ја практикуваат луѓе што се откажуваат од материјалното и се ограничуваат на најнеопнодното, но затоа можат целосно да уживаат во слободата. Сето тоа звучи преубаво за да биде реално. Сепак е потребен моќен теренец што ќе повлече 3,5 тони и уште 40.000 евра за куќичката на тркала.
Овие куќи со кука имаат се како и скапите камп-приколки, но не изгледаат како „конзерва“
Во Европа, ваков вид „куќи со кука“ произведува фирмата Дирман од Германија. За изработката се користат еколошки, одржливи и проверени материјали. Како основа се користи приколка со две оски, со топло поцинкувана рамка којашто гарантира трајност. Изолација со минерална волна е стандард, исто како и приклучоци за струја, вода и одвод. Стандарди за домување се комплетирани со мини-кујна и купатило.
Компанијата произведува неколку верзии на своите мини куќи на тркала, почнувајќи од куќа со површина од десет метри квадратни, со класичен покрив и веранда, преку изведба на два ката, со рамен покрив и површина од 16 метри квадратни, до куќа од преку 20 метри квадратни, со спална соба во поткровјето.
Диодни спот-свтилки, индуктивен шпорет, WLAN-Hotspot
Најмалечката верзија има димензии 5,40 х 2,55 х 3,40 метри, опремена со сé што имаат и поголемите „куќи“, единствено со таа разлика што има помалку простор. Осветлувањето е изведено со шест диодни спот-светилки, шпоретот работи на индукција, дрвени скали водат до спалната соба. Греењето е на струја, има и WLAN-Hotspot. Цената е 40.000 евра.
Втората верзија се разликува најмногу во тоа што има повеќе простор за спиење, но затоа има и висина од 3,95 метри и цена од 50.000 евра. Максимална комоција нуди верзијата за којашто треба да се доплати уште 10.000 евра, со димензии 6,60 x 2,55 x 3,95 метри. Тука дополнително следува и класичен туш.
За големиот интерес сведочи долгиот рок на испорака. Без посебни барања за изработката, новата куќа може да се дотркала најрано за половина година.
[FAG id=32787]


















