Производителите на автомобили што ги финансира Кина треба да добијат чесен и слободен пристап во Европската Унија, порачува Стопанската Комора на Кина во ЕУ.
Забелешките следат по средбите меѓу Кинеската Стопанска Комора во ЕУ (ЦЦЦЕУ) и работната група од трговски претставници од ЕУ во Брисел, што се одржаа на 15-ти и 16-ти јули, стои во соопштението од Комората.
Кина и ЕУ водат спор околу царините за кинеските електрични автомобили во унијата. Се вложуваат напори за царините да се заменат со минимална цена, под којашто не ќе смее да се продаваат електричните возила од Кина во ЕУ. Засега уште не е постигнат конкретен напредок.
„Индустријата будно го следи напредокот во преговорите околу ‘договорените минимални цени’ и очекува позитивен исход“, пишуваа во соопштението од ЦЦЦЕУ.
Претставници од шест кинески компании, меѓу кои Нио, Шаопенг, Шаоми, ИВ Енерџи и Гоушн Хај-Тек, присуствуваа на средбите во Брисел.
Работната група исто така е загрижена дека напнатите односи во трговијата во светски рамки може да влијаат врз стабилноста на пазарот во ЕУ или да предизвикаат промени во политиката на ЕУ кон Кина.
Загриженоста конкретно се однесува на политиката на ЕУ во насока на „заштита од ризици“, којашто има за цел да ја смали зависноста на унијата од Кина во одредени подрачја, може да се смени со политика на исклучување на Кина, што ќе предизвика големи штети.
















