Киа во ноември продаде рекорден број возила во САД

Спортаж е најпродаван модел на Киа и на пазарот во САД

Во ноември на пазарот во САД беа продадени 70.107 возила на Киа, за 20 проценти повеќе од истиот месец лани. Кај приклучните хибриди и целосн електричните модели, растот во продажбата достигна 45 проценти. Ноември е втор месец во низа, што на Киа ѝ донесе раст од 20 проценти во продажбата во САД.

Двата најпродавани модели на Киа, Спортаж и Телјурајд, исто така забележаа рекорди во ноември, заедно со Карнивал, ЕВ6 и К4/Форте, сите со раст од 12 проценти и повеќе.

Според досегашното движење на продажбата, Киа годинава ќе продаде во САД повеќе возила од лани.

Пазарните аналитичари предвидуваат дека целиот ноемвриски пазар во САД ќе напредува за 7 до 11 проценти. За тоа се заслужни поголемиот избор од модели, големите попусти и тоа што салоните беа отворени еден ден повеќе отколку во ноември лани.

Субвенциите добиваат замав

Производителите на автомобили нудат поголеми попусти, затоа што залихата од возила веќе е полна. Тоа ги охрабрува купувачите, коишто инаку се соочуваат со зголемени цени во целина и со повисоки кредитни камати.

Просечната вредност на субвенцијата во ноември била за 42 проценти повисока во споредба со истиот месец лани, и достигнала 3.291 долари по возило. Просечната висина на попустот исто така се зголемила за 174 долари во споредба со октомври.

Исто како досега, најголеми поволности се добиваат за електрични автомобили, затоа што побарувачката за нив забавува.

Некои дилери ги промовираат своите понуди за електрични автомобили и ги охрабруваат купувачите да ја искористат државната субвенција во висина до 7.500 долари, пред новиот претседател Трамп да ја преземе должноста. Се претпоставува дека со смената во Белата Куќа ќе се сменат и поволностите за електричните автомобили, што е главен поттик за нивно купување.

Дилери на БМВ нудат попуст од 8.900 долари за БМВ Икс7 иксДрајв40и и 21.500 долари за ексклузивниот Икс Ем Лабел Ред од моделското годште 2024. Џип исто така нуди попуст од 6.500 долари за одредени изведби на Гранд Чероки од 2024 моделска година.

Расте залихата од возила

На плацевите на дилерите во САД во средината на ноември лежеле 3,19 милиони возила, наспроти 3,04 милиони во истото време лани. Тоа е доволно за да се покрие побарувачка за 89 денови, наспроти 85 денови лани.

Многу зависи од погонот, залихите од хибридни возила се помали, во споредба со залихите од електричните возила.

Најмали залихи имаат Лексус, Тојота, Хонда, БМВ, Крајслер, Субару, Киа, Акура, Порше и Мицубиши. Спротивно од тоа, најголеми залихи имаат Џагјуар, Линколн, Рам, Мини, Форд и Џип.

Просечната цена на автомобил во ноември изнесувала 45.471 долари, што е за 150 долари или 0,3 проценти помалку од лани.

Просечното време на мирување на возило во салон пред да биде продадено се очекува да биде 52 денови, додека лани во ноември, возилата во просек чекале по 34 денови додека се најде купувач.

Претходна објаваЏагјуар преку концептот Тајп 00 го покажа правецот во којшто го движи дизајнот
Следна објаваХибридните модели му донесоа раст на Б-СУВ сегментот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here