Повеќе од една четвртина милион автомобили од марката Kia се продадени на светскиот пазар во минатиот месец. Растот од 20,2% ќе беше уште повпечатлив, доколку немаше пад од 17,9% на корејскиот пазар. Надвор од Кореја се продадени 204.312 возила или за 35,4% повеќе од истиот месец лани.
Корпорацијата Kia во јуни продала 253.592 возила на светскиот пазар, за 20,2% повеќе во споредба со ланскиот јуни. Продажбата ја предводат СУВ-моделите Sportage и Seltos, соодветно со 30.906 и 24.680 примероци. Веднаш до нив е компактната лимузина K3, со продадени 24.639 примероци во јуни.
Продажбата надвор од Кореја постигна раст од 35,4 проценти, со вкупно 204.312 продадени возила. За големиот раст се заслужни најмногу СУВ-моделите Sportage и Seltos. Растеше и продажбата на компактните лимузини K3 и Rio. Позитивниот тренд во продажбата се должи на закрепнувањето на главните автомобилски пазари од последиците од пандемијата.
На домашниот, корејскиот пазар, во минатиот месец биле пласирани 49.280 возила, што претставува пад од 17,9 проценти во споредба со јуни лани. Најпродавани модели на Kia на домашниот пазар се кросовер-миниванот Carnival, како и новата генерација на луксузниот СУВ-модел Sorento.

Во следните месеци се очекува новата генерација на Sportage да внесе уште посилен поттик во продажбата, а секако дека е тука и првиот електричен модел од новата генерација, кој е развиен само за погон на струја, Kia EV6.
















