за

BMW започнува со производство на Gran Coupe од серијата 4

Првпат од фабриката на BMW во Минхен излегува Gran Coupe-модел. Купе-лимузината од серијата 4 ќе се произведува на иста лента со електричниот BMW i4 и уште четири модели.

Во фабриката на BMW во Минхен денес започна сериското производство на новото Gran Coupe од серијата 4. Новодојденецот во матичната фабрика на BMW ќе се произведува на иста лента со лимузината и комбито Touring од серијата 3, но и со BMW M3 и со електричниот i4, кој ќе стартува малку подоцна.

Погоните на BMW во Минхен добија нов модел. Таму првпат ќе се произведува модел Gran Coupe, што значи купе лимузина со четири врати и голем поклопец на багажникот. Почетокот на производството на BMW 4 Gran Coupe во баварската престолнина е важен и за електричниот модел i4, што исто ќе се произведува таму. Каросериската форма на двата модели е речиси идентична, што овозможува користење синергиски ефекти, односно намалување на трошоците преку користење заеднички компоненти и заедничка лента.

Искуствата што ќе се стекнат при производството на BMW 4 Gran Coupe ќе се пренесат и на електричниот BMW i4, со што се гарантира врвен квалитет на изработка. Персоналот што моментно се обучува за стартот на електричниот i4 наесен, на овој начин ќе може повеќе да се посвети на специфичните подрачја на моделот, како што се електричниот погон, високонапонската батерија, но и новиот заоблен дисплеј на BMW, кој е основа за исто така новата генерација на iDrive.

Подготовката за производство на BMW 4 Gran Coupe и на електричниот BMW i4 во Минхен чинеше 200 милиони евра, главно во каросериското одделение, лакирницата и монтажата

Втората генерација на BMW 4 Gran Coupé доаѓа со поагресивен дизајн, повеќе нагласен премиум стил во внатрешноста, како и со бројни иновации во ракувањето и вмрежувањето. Моделот се одликува со спортска елеганција, но подеднакво се издвојкува и со практичноста и функционалноста, поради четирите врати и лесно достапниот и приспособлив багажник.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia во јануари ја зголемила продажбата за 2,5 проценти

Kia продала над четвртина милион автомобили во јуни

Специјална серија Urban Sport за Volkswagen Tiguan