за

Kia со две победи во изборот на автомобил на 2020 година во Унгарија

Kia со две победи во изборот на автомобил на 2020 година во Унгарија
Kia со две победи во изборот на автомобил на 2020 година во Унгарија

Електричниот кросовер Kia e-Niro победи во категоријата на еколошки автомобил на годината, додека најмногу гласови од публиката освои Kia XCeed. Унгарија првпат избираше автомобил на годината.

Kia освои две награди на првото издание на изборот на Автомобил на годината во Унгарија, со електричниот e-Niro и моментно главната ѕвезда на марката на европскиот пазар, XCeed. Изборот се водеше во седум категории. Електричниот кросовер Kia e-Niro е именуван за „Зелен автомобил на годината“, со победата во конкуренција на Audi e-tron (3-то место), Jaguar I-Pace, Mercedes-Benz EQC (2-ро место), Nissan Leaf, Opel Corsa-e, Peugeot e-208, Renault Zoe и Volkswagen ID.3.

Подеднакво е важна и наградата од публиката, којашто даде најмногу гласови за кросоверот XCeed. Јавноста го избираше најдобриот автомобил во конкуренција од 39 модели. Второто место му припадна на локално произведуваниот Suzuki SX-4, кој воедно е носител на титулата на „Автомобил од унгарско производство за 2020 година“, но третото место пак му припадна на модел на Kia, на e-Niro.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Норберт Наги, директор на Kia Motors Hungary, коментира: „Популарноста на марката Kia во Унгарија расте со години наназад и горди сме што освоивме две награди во првото издание на Автомобилот на годината во Унгарија. Двата модели, e-Niro и XCeed, ја прикажуваат привлечноста на марката и иднината – со нулта емисија, електричниот погон е исто толку важен колку атрактивноста и квалитетот.“

Од Kia XCeed досега се продадоа повеќе од 20.000 примероци во Европа, откако продажбата стартуваше есеноска. Новитет за годинава е изведбата со плагин-хибриден погон. Тестот на XCeed можете да го прочитате на врската.

Kia e-Niro – различен стил на кросовер од XCeed, со погон на струја и со досег до 455 километри

Kia e-Niro е првиот целосно електричен кросовер на марката и минува до 455 километри со едно полнење. За градски услови, производителот рекламира 615 километри. Тоа што (речиси) отсекогаш им давало посебен шарм на автомобилите на Kia е гаранцијата. Таа е иста како со моделите со обичен погон: 7 години или 150.000 километри, вклучувајќи ја батеријата и електромоторот.

Го погледнавте нашето видео за Kia XCeed?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo до април продаде 130.000 возила, XC60 е бестселер

Volvo до април продаде 130.000 возила, XC60 е бестселер

hyzon motors водороден камион 50 метри

Фирма од САД најавува 50-метарски камион со погон на водород