Целта на вложувањата на Киа и Хјундаи е Кореја да јакне како светска автомобилска сила, а со тоа да јакне и економијата. Се вложува во ВИ и роботи, во водород, доаѓаат електрични возила со помошен генератор и преку 900 километри досег, хибридни модели со заден погон, па и камиони и автобуси со погон на водород.
Групацијата на Киа и Хјундаи на 16-ти ноември соопшти дека ќе вложи 125,2 билиони корејски вони (околу 74,4 милијарди евра) во Јужна Кореја во следните пет години. Тоа ќе биде досега најголемата домашна инвестиција на групацијата.
Износот е за преку 21 милијарди евра повисок од вложувањето во претходниот петгодишен период. Секоја година во просек ќе се вложуваат по околу 14,8 милијарди евра, што е за 40% на просекот во периодот од 2021 до 2025 година.
Главно се вложува во три подрачја:
- 30 милијарди евра во вештачка интелигенција, софтверски дефинирани возила (СДВ), електричен погон, роботика и водороден погон
- 23 милијарди евра во развој на нови производи и нови технологии
- 21 милијарди евра во оптимизација на фабриките и во изградба на глобалниот бизнис центар ГБЦ.
Во план е да се гради и погон за електролиза во југозападниот дел од земјата, каде што ќе се добива чист водород.
Се предвидува и насочување на извозот од фабриките во Јужна Кореја кон нови пазари, што веројатно е одговор на царините на Трамп за увоз на возила во САД.
Извозот на возила до 2030 година треба да се искачи на 2,47 милиони возила, наспроти 2,18 милиони возила во 2024 година. Возилата со електрифицирана погонска спрега, односно ЕВ, ПХЕВ, ХЕВ и водородни возила, ќе учествуваат во извозот со 1,76 милиони возила, значително над 690.000 возила лани.

Компјутерски центар со петабајтен капацитет за чување и обработка на податоците за вештачка интелигенција
Групацијата неодамна објави соработка со Нвидиа, што укажува дека ВИ и роботите што користат вештачка интелигенција ќе бидат многу позастапени, од една страна во возилата и во автономното возење, а од друга во производството и во роботиката. Самите роботи за фабриките ќе се произведуваат во групацијата.
Тоа подрабира и организирање на компјутерски центар за ВИ со капацитет со големина на петабајти (1.000 терабајти), каде што ќе се тренира ВИ со податоци од физички роботи со ВИ и од автономни возила.

Водородот помасовно ќе влегува во понудата од модели
Покрај погони за електролиза каде што ќе се добива чист водород, Киа и Хјундаи планираат да го омасоват и производството на горивни ќелии, каде што се врши хемиската реакација што е клучна за водородниот погон.
Наскоро завршува изградбата на две нови фабрики, едната е во Улсан и наменета е строго за електрични возила, додека фабриката за производство на горивни ќелии ќе биде готова во 2027 година. Киа во меѓувреме заврши со изградбата на фабриката за наменски доставни возила со електричен погон во Хвасон.
Видеото од тестот на Киа Спортаж во Аутомедиа
Возила се движат со помош на вештачка интелигенција и реагираат според случувањата во средината
Групацијата развива системи за автономно возење со вештачка интелигенција, со сензори што ја нагледуваат средната и реагираат соодветно на случувањата, место да реагираат според однапред предвидено сценарио.
Во втората половина од 2026 година се очекува стартот на јавни тестирања на возило што е дефинирано од софтвер, СДВ, каде што развојот е почнат од софтверот, па понатаму се приспособува хардверот.
Меѓу најважните новини во автомобилите, за масовниот пазар, секако се најавените модели со електричен погон, во коишто е вграден мал бензински генератор, што ја полни батеријата, откако ќе се исцрпи енергијата при првичното полнење. Се најавува досег на моделите со погон ЕРЕВ од преку 900 километри.
















