за

Киа освои пет награди за дизајн, злато за ЕВ9

На изборот за иФ Дизајн Аворд се решава меѓу 10.800 пријавени производи од 72 земји. Киа секоја година освојува награди.

Киа победи во пет категории во ценетиот избор иФ Дизајн, за своите автомобили, за организираните настани и за начинот на којшто марката им се обраќа на своите клиенти.

Киа постигна впечатлив успех во изборот за иФ Дизајн Авордс за 2024 година, со победи во пет посебни категории. За најценетите награди во светот на дизајнот решава стручно жири.

Новата Киа ЕВ9, којашто веќе има победувано на бројни избори, додаде уште еден потфат, со освојувањето на Златната награда на иФ Дизајн Аворд, којашто е од ексклузивнна природа. На светски ценетиот настан, само најдобрите 75 производи го освојуваат златото. Со оваа награда, Киа доби уште една потврда за својот дизајнерски правец „Спротивностите обединети“.

Намерата на дизјанерите на Киа е преку „обединување на спротивностите“ да постигнат единствен вид на врска меѓу природното и технолошкото. Така се постигнува препознатливост на новата генерација модели на Киа, со електричниот СУВ-седумсед ЕВ9 како знаменосец на марката и врв во стилот.

Првиот човек за дизајн во Киа, Карим Хабиб, воедно и извршен потпретседател на марката, коментира за потфатот, „ЕВ9 го претставува нашето безрезервно тежнеење да пробиеме нови димензии во поглед на дизајнот, конективноста и практичноста, како нашата одговорност кон животната средина.“ Дизајнерот понатаму цени дека добивањето на оваа награда претставува „признание за посветеноста и обврзаноста на безбројните членови на нашиот тим од дизајнери и инженери, и ја означува нашата цел да влијаеме врз индустријата и пазарот, со дизајн што привлекува и има содржина.“

Дури и иконите што Киа ги користи во графичкиот интерфејс подлежат на оценување од експертите на иФ Дизајн Аворд

Надворешноста на ЕВ9 оддава доверба, чистота и смиреност со исправената става, со прецизните линии и рамните површини. Тигарскиот нос, како што Киа веќе со генерации наназад ја квалификува маската на своите модели, во ЕВ9 добива визионерски и футуристички изглед. Драматика внесуваат светлата што отстапуваат од секаква шема што веќе е видена.

Првите впечатоци во кабината се рамниот под и долгата површина на подот. Тоа се придобивки од елеткричниот погон, односно од платформата Е-ГМП, којашто се вбројува меѓу најнапредните платформи за е-погон. Седиштата и средишната конзола се изведени за да се нагласи просторноста на кабината и да се стекне чувство на изобилство од простор.

Тоа што дизајнерските експерти и членови на жирито имаат да го кажат за електричниот СУВ: Киа ЕВ9 ги проширува естетските можности на голем СУВ, додека во исто време ги унапредува поерформансите во фунционалноста. Нејзиниот современ дизајнерски јазик прави остантите големи СУВ да изгледаат старомодно, додека свртливите седишта во вториот ред и разновидноста од помали функционални репшенија прават животот во возилото да биде повеќе социјализиран! Кој вели дека одржливиот дизајн не може да биде возбудлив?“

Останатите категории во коишто експертите на иФ Дизајн Авордс ја одликуваа Киа се за рекламата за „80 години движење“, за дизајнот на штандовите со коишто Киа настапува на салоните за автомобили и наречени се „Прозорци на инспирацијата“ и за интерактивното медијално доживување „Киа ЕВ Анплагд Граунд“.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тојота го презема уделот од Панасоник во бизнисот со батерии стар три децении

Алпин А110 во Аутомотив Груп на пресвртница од бензин кон електро