за

Kia Carens: Класата на вановите е следна за освојување

10. KIA CARENS, продадени примероци 11,722 (-8.5%)

Корејската марка е една од ретките што бележат раст во продажбата во Европа. Тоа во најголем дел се должи на новата генерација на компактот Cee’d, кому отсега ќе му помага и ванот Carens.

Третата генерација на компактниот ван Carens е само неколку месеци во понудата на Kia, а ефектот од продажбата веќе се чувствува. Несомнено купувачите се привлечени од изгледот на ванот, што е исклучок кај возилата од оваа класа, но Carens поседува и внатрешни вредности. Функционалноста и приспособливоста на кабината се подобрени во споредба со претходникот, моторите се посилни и во исто време поштедливи, подвозјето е дотерано според стилот на возење на европскиот возач, а цените останаа непроменети, ако се земе во предвид големата противвредност од збогатеното ниво на опрема.

Дизајнот е еден од клучните аргументи на компактниот ван на Kia, но и внатрешните вредности одговараат. Carens е покус од претходникот, а со повеќе простор
Дизајнот е еден од клучните аргументи на компактниот ван на Kia, но и внатрешните вредности одговараат. Carens е покус од претходникот, а со повеќе простор

Со должина од 4,53 метри, новиот Carens е за два сантиметри покус од претходникот, но со рационално искористување на просторот нуди повеќе простор за патниците и багажот. Тоа се овозможи главно со зголемувањето на меѓуоскиното растојание за пет сантиметри (сега 2,75 метри). Со новиот концепт, кабината е поместена понапред, што се забележува и по тоа што предните столбови сега почнуваат веднаш над предната оска. Со поместувањето на ветробранот и додавањето на големи триаглести прозорци напред, како и со пониско поставената табла со инструменти, возачот добива подобра прегледност, што обично е проблем кај вановите.

kia_carens_065

Назад има три седишта, кои зависно од потребата од простор се поместуваат и надолжно, а дополнително нудат и местење на аголот на потпирачот. Со доплата се добива трет ред седишта, искористлив за две деца, при што багажникот се ограничува на 103 литри. Кога третиот ред е соборен, назад остануваат примерни 492 литри. Во стандардната верзија со пет седишта, подот е понизок, па соодветно и багажникот нуди 536 литри, односно максимално 1.694 литри кога ќе се собори клупата. Товарниот раб на багажникот е понизок за 1,5 сантиметар од претходникот, па и товарањето и пристапот се полесни. Покрај големите прегради во багажникот, дополнителен простор за одлагање има во подот пред задната клупа.

kia_carens_028

За погонот се задолжени 1,6-литарски бензинец со директно впрскување и 135 КС, дволитарски бензинец, исто така со технологија GDi и со моќност 166 КС, како и 1,7-литарски дизел со 136 КС, меѓу другото познат и од лимузината Optima. Со основниот бензинец, Carens забрзува до сто за 11,3 секунди и постигнува 185 km/h, а просечната потрошувачка според фабрика изнесува 6,4 литри бензин на сто километри.

kia_carens_020

Во серискиот обем на опрема за европскиот пазар, основната изведба доаѓа со шест воздушни перници, контрола на стабилност со помош при поаѓање, клима уред, радио со команди на волан, електрика на сите прозорци и централна брава со далечинска команда, преклопливо совозачко седиште, темпомат и патен компјутер.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel Insignia за авантуристички типови

75 години од првиот дизел на Peugeot