Киа ја донесе новата „2024“ на њујоршки Тајмс Сквер

Овојпат задачата за „годината 2024“ да се донесе до Тајмс Сквер ѝ припадна на актуелната моделска ѕвезда на Киа, на електричната ЕВ9.

Одбројувањето до почетокот на Новата Година во Њујорк почна официјално со донесувањето на броевите „2024“ на прочуениот Тајмс Сквер. Овие бројки ќе го осветлат небото над плоштадот, во моментот кога кристалната топка ќе биде пуштена да падне и часовникот ќе означи полноќ, односно ќе го означи почетокот на 2024 Година.

Неколку години во низа, на Киа ѝ припаѓа одговорната задача со свој модел да ги довезе бројките на новата година. За 2024 година, одбран е моделот што и најчесто се спомнуваше во наскоро старата година, електричниот СУВ-седумсед ЕВ9.

Знаменосецот и технолошки врв на Киа има долг пат зад себе. ЕВ9 уште во ноември појде од западниот брег, од Лос Анџелес, со големите бројки поставени на приколка, за кусо пред Новата Година да пристигне во Њујорк. Американската јавност го следеше целото патешествие, коешто е своевидна подготовка за големата прослава.

Четврта година по ред, Киа Америка е официјален покровител на одбројувањето до Новата Година.

Претходна објаваЕлектричните возила овојпат нема да бидат главни на саемот ЦЕС во Лас Вегас
Следна објаваЧетворката е голема бројка за Фиат Панда 4х4

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here